Што ново се „готви“ во Дистрикт бар и ресторан

 Дистрикт бар и ресторан стана популарно место во градот и редовнадестинација со омилените специјалитети од домашни или светски кујни. Моментите за кафе паузата во убавиот и пријатен амбиент, се повеќе се надминуваат и преминуваат во моменти на заеднички ручек, закуска или романтична вечера токму заради извонредните мали и големи задоволства што произлегуваат од кујната на Дистрикт. За создадениот бренд допринесува професионалниот кулинарски тим, аво него се додава името Кирил Ставрев, новиот ExecutiveChef во Скопје Мериот Хотел, вистинско освежување со глобално искуство. Со доаѓањето на новиот главен готвач, веќе пристигна и значително освежување на ресторанското мени.

Кирил по потекло е од Македонија, меѓутоа веќе 10 години живее и работи во САД како главен готвач во бројни хотелски ланци како RitzCarlton, St. Regis, MarriottMarquis, реномирани ресторани и дипломатски претставништва. За своите импресивни кулинарски вештини, со знаење се стекнал работејќи со познати кулинарски мајстори, а паралелно се стекнувал и со сертификати и официјални обуки.

Сите оние што го виделе како работи и што ги пробале неговите специјалитети, велат дека готви со силна страст и дека во својата кујна го контролира секој дел од процесот на подготовка на јадењето.

Според досегашното искуство на Ставрев, секое наредно одење во Дистрикт можеме да очекуваме специјалитети од светските кујни со македонски шмек. Кирил ветува многу иновативност и креативност, преку специјалитети подготвени со различни  техники и методи од местата кои ги посетил, но со локални, свежи состојки.

Кирил заедно со Дистрикт бар и ресторан и Скопје Мериотнè повикуваат да уживаме во неговите исклучителни кулинарски вештини и да влеземе во извонредниот, бескраен свет на прекрасни вкусови инспирирани од кујните од целиот свет.

 

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Има 26. години и само 17. килограми: Наместо да ја лекува нејзиниот доктор и вели да глуми во хорор филмови!

Болна е од тешка болест, а кадрите кои ќе ги видите се доста вознемирувачки… Кристина …