Погледнете ги победниците на четвртиот детски ликовен конкурс на Ладна

Заврши омилениот детски ликовен конкурс на Ладна, кој оваа година беше на тема  „Крај вода одмарам и цртам”. Натпреварувањето беше поделено во две категории, и тоа деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години.

Како и секоја година, ликовниот конкурс е од награден карактер, а Ладна обезбеди супер награди за најдобрите цртежи во двете категории и тоа:

–          Прво место- 2 тридневни патувања во Дизниленд – Париз

–          Второ место – 2 годишни курсеви за цртање и

–          Трето место – 2 таблети за цртање.

И оваа година конкуренцијата беше исклучително силна. Децата пратија многу интересни и креативни цртежи, па стручното жири имаше полни раце работа.

Победници на конкурсот се 5 годишниот Михаил Цветковски од Битола, кој го освои првото место во категоријата од 4 до 7 години, и 9 годишната Катја Календар од Скопје, која исто така освои прво место во категоријата од 7 до 10 години. На голема радост на Ладна, малите Михаил и Катја заедно со своите семејства ќе одат на тридневно уживање во Дизниленд, во француската престолнина Париз.

Второто место и наградата годишен курс по цртање, во категорија од 4 до 7 години го освои Ведран Стефаноски, а во категоријата од 7 до 10 години Алексеј Белешков, двајцата од Скопје.

За крај, третото место во категорија од 4 до 7 години го освои Сара Димитровска од Делчево, а во категоријата од 7 до 10 години Давид Стојановски од Прилеп. Сара и Давид ќе добијат таблети за цртање, за да го развиваат својот талент и понатаму.

Ладна им честита на добитниците на награди и им се заблагодарува на сите дечиња кои со помош на своите родители или наставници пратија цртежи и учествуваа на конкурсот. Сите дечиња кои учествуваа на ликовниот конкурс на Ладна ќе може да ги видат своите цртежи на најголемата изложба на детски цртежи во Македонија,  од 1-ви до 10-ти јуни во Мултимедијалниот Центар „Мала станица” во Скопје.

Ладна ви порачува: „Негувајте ги талентите на вашите деца, поттикнувајте ги да бидат креативни, и ве очекуваме следната година со вредни награди и отворени срца!”

И за крај погледнете го видеото со рекацијата на првонаградената Катја Календар кога за првпат дознава дека го освоила патувањето во Дизниленд

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Авенија Бишоп – најскапа улица на светот!

Авенијата Бишоп во Лондон е резервирана за руските олигарси, членовите на кралското семејство и познати …