Барак и Мишел Обама и Нетфликс со заедничка соработка од следната

Барак и Мишел Обама заедно со Нетфликс, мрежата која има повеќе од 125 милиони претплатници ширум светот, постигнале договор за изработка на филм и ТВ емисија, пренесуваат Би Би Си.

Нетфликс соопшти дека со семејството Обама потпишале договор на повеќе години, но сè уште не се познати деталите околу него, додека првата содржина ќе биде објавена во 2019 година.

“Барак и јас секогаш верувавме дека моќта на приповедувањето ги инспирира луѓето, дека не поттикнува поразлично да гледаме на светот околу нас и дека треба да ги отвориме срцето и умот кон сите”, рекла Мишел.

Семејството Обама основале компанија по име Higher Ground Productions која ќе биде задолжена за изработката на сите содржини кои ќе ги емитува Нетфликс.

“Работејќи во јавната служба се запознавме со многу фасцинантни луѓе од различни сфери на животот. Ќе им помогнеме нивното искуство да го споделат со јавноста. Тоа е причината поради која одлучивме да соработуваме со Нетфликс, се надеваме дека надарените, инспиративните и креативните луѓе ќе поттикнат сочувство и разбирање помеѓу народот”, рече поранешниот американски претседател.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Обожавател на Меси извршил самоубиство после поразот на Аргентина од Хрватска

Дину Алекс, голем навивач на Меси од Индија, извршил самоубиство откако го одгледал поразот на …