(ВИДЕО+ФОТО) Уште една брука за Македонија на Евросонг 2018: „Ај Кју“ ја добија титулата „Барбара Декс“ за најлошо облечени!

И’ официјално, Македонија доби награда за најлошо облечени претставници на Евровизија 2018!

Нашите претставници на годинашниот Евросонг кој што се одржа во Лисабон, Португалија, групата „Ај кју“, и’ официјално се здобија со награда. И покрај тоа што не се пласираа во финалето со песната „Lost and found’’ и според официјалните резултати се најдоа на претпоследно место на првата полуфинална вечер, сепак Бојан и Марија на нашата земја и го донесоа првото место на БДА. Станува збор за наградата Барбара Декс, која што уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија.

loading...

Самата награда го носи името според белгиската претставничка на Евровизија за 1993 година, Барбара Декс, која што тогаш го шокираше светотот со фустанот кој сама го креирала за настапот.
Веднаш по Македонија, како најлошо облечени претставници оваа година се рангирани музичарите од Австралија, Белгија, Црна Гора и Израел.

Ова не е прв пат нашата земја да се закити со БДА. Во 2005. година, истата титула ја доби и тогашниот претставник на Евровизија, Мартин Вучиќ. И тој, како и Марија годинава, настапи во палто со розева боја.


Дизајнер на групата „Ај кју’’ за Евровизија беше креаторот Алек Билбилоски од Охрид. По критиките на социјалните мрежи на сметка на гардеробата на нашите претставници,  се огласи на својот Фејсбук профил и порача дека си го остварил сонот.

„До сите хејтери, не бевте ниту пак ќе бидете на ваков настан, да видете што се случува. Не сте вредни за моето време, најдете си живот, негативноста убива“  порача дизајнерот на официјално најлошиот стајлинг на Евровизија.


Извор: Фокус.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …