Ѓоко Ѓорчев до Министерството за култура: Што уште треба човек да направи за да го привлече вниманието – Зарем 25. години негување на македонската музика не е доволно?

Иако од затворањето на конкурсот за субвенционирање на музички проекти минаа неколку месеци, горчината од одговорот на комисијата на Министерството за култура која го одби неговиот проект (Предлозите во музичко и музичко – сценска дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Васо Ристов – претседател (професор на МА и селектор на Охридско лето), Маријана Николовска (пијанистка во Македонската филхармонија – член и Рами Мустафа – член која го одби неговиот проект „Концертна турнеја 25. години кариера на Ѓоко Ѓорчев“) кај Ѓоко Ѓорчев се чини сега го достигна врвот…

Бидејќи како да се опише тоа што овој мирен, позитивен човек после толку месеци денес на Фејсбук објави Отворено писмо до Министерството за култура. Писмото во целост го пренесуваме подолу:


„Отворено писмо на Ѓоко Ѓорчев
Што треба да направи човек кој зад себе има импресивна кариера од 25. години, човек кој има снимено 7. студиски албуми, два пати е избран за пејач на Република Македонија (12.Величествени), човек кој ја претставувал Македонија низ целиот свет, Славјански Базар – два пати (Украина и Белорусија), на големиот концерт на Црвениот плоштад во Москва со најголемите светски имиња ја претствував Македонија, во Америка, на „Златен орфеј“ во Бугарија, „Сунчане скале“ и „Будва“ во Црна Гора, Србија…освојувач на награди и први места на сите фестивали во Македонија, зад себе имам снимено 70. авторски песни и над 20 светски евергрини (кавер).
И’ сето тоа финансирано лично од неговите родители и винаријата „Бовин“, човек кој учествувал на многу хуманитарни настани низ Репубиката а пред две години и сам организира концерт за поплавените подрачја во Скопско, човек кој има направено повеќе солистички концерти и уште многу други активности со кои ја афирмирал и ја промовирал македонската музика и кога тој човек на крајот на минатата година испратил проект до Министерството на култура за одбележување на својот јубилеј 25. години на македонската музичка сцени добил одговор – дека не ги задоволува критериумите на Министерството.
Прашањето е што тој човек требаше да направи за да го добиеше вниманието на Министерството за култура???
Не сакам никого да напаѓам, само крајно време е во оваа наша земја да почнат да се почитуват човечките вредности!“

Тој првпат во својот живот, после 7. издадени студиски албуми, испеани скоро 100 песни (од кои 70. авторски и 20. кавери на светски евергрини) реши, на наговор на соработниците да поднесе барање до Министерството за култура. Причина? Па 25. години успешна работа на македонската музичка сцена…(Деталите погоре).
И, навистина што уште треба да се направи за да комисијата посвети внимание на пристигнатите барања, да ги разгледа, размисли и потоа одлучи.
Ѓоко Ѓорчев, и покрај тешкотиите нема да се откаже од музиката, бидејќи сеуште има луѓе кои веруваат во него и кои сакаат тој уште да пее, да е присутен на естрадата. После семејните трагедии, Ѓорчев сега главната подаршка ја има од винаријата „Бовин“ (Киро Богевски) која стои зад секој негов проект. Несебично поддржувајќи ги неговите проекти „Бовин“ ќе биде присутен и на јубилејниот концерт во октомври во МОБ…
„Никогаш не сум сакал да се експонирам во јавноста и можеби тоа за овие 25. години кариера и’ ми е грешка. Но, таков сум по природа, си го гледам семејството, пеењето и јас сум среќен. Но, сметав дека треба да се има слух за 25. години кариера, особено затоа што кај нас има малку такви изведувачи или скоро воопшто. Моето барање беше едноставно – да ми се помогне македонската забавна песна да ја донесам во повеќе градови во Македонија со што ќе покажеме дека и ние имаме музика а не само она што ни се пласира од страна преку радијата и тв шоута. Но,ете бев одбиен, но мојот концерт во МОБ во Скопје во октомври ќе го одржам за да го одбележам мојот јубилеј и за љубов на бројните фанови“, ни рече Ѓоко Ѓорчев.
И покрај сите невољи во животот, Ѓорчев е борец, можеби малку и меланхоличен, но во секој случај човек кој со голема упорност ги завршува работите.
Затоа веруваме во неговите зборови дека ќе го има концертот во октомври со кој ќе го одбележи јубилејот…
А, членовите на комисијата (кои не можат да бидат казнети за своите одлуки бидејќи се хонорарни соработници во Министерството) треба да се срамат од своите одлуки. И, впрочем како може класичари да одлучуваат за сите музичко – сценски дејности кои Министерството треба финансиски да ги поддржи. Несериозно и непрофесионално, а кој ги избирал би требало да понесе одоворност. Бидејќи не е само Ѓоко Ѓорчев оштетен туку и други македонски познати имиња од поп сферата. Не би било чудно доколку и тие се огласат бидејќи сите тоа требаше и порано да го направат и да не дозволат некој несоодветен да си игра со нивните кариери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Обожавател на Меси извршил самоубиство после поразот на Аргентина од Хрватска

Дину Алекс, голем навивач на Меси од Индија, извршил самоубиство откако го одгледал поразот на …