(ФОТО) Гоца Тржан ги испофали овие наши момци, а причината е нивната професионалност и посветеност кон музиката…

Тие постојат од 2012. година, а досега, се едни од ретките македонски бендови кои свиреа на иста сцена со Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Адил, Аца Лукас, а деновиве добија комплименти за нивната работа и од незаменливата Гоца Тржан, со која настапија заедно во емисијата „Вечер со Тијана“ на „1тв“.
Убавата енергија кулминираше кога заедно со Тржан, дуетски ја изведоа „1200 милји“, песна која своевремено Тржан ја сними со Тоше Проески…
„Одлично момци. Многу убава изведба“, беше заедничкиот коментар на Гоца и Тијана при самиот крај од емисијата.
Тоа се момците од „Хепи Енд“, кои наскоро ќе ја промовираат својата прва авторска песна, во поп рок фазон, која ја работеа со Лазар и Магдалена Цветковски, песна за која се снимаше и спот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КАКО ВИНО: Супермодели кои надминале 50. години а и понатаму изгледаат беспрекорно!

Овие убавици се во поставата на супермодели од деведесеттите години. Со години ги освојуваа светските …