(ФОТО) Ниту после 17. години брак Пирс Броснан не може да се контролира во близина на сопругата!

Вљубени како првиот ден. Така би можел да се опише бракот на Пирс Броснан и неговата обожувана сопруга Кели Смит.

Иако многумина и замеруваат на тоа што последните години се запуштила и ставила одвишни килограми, тоа на славниот Џемс Бонд, се чини ниту најмалку не му пречи. Меѓу мноштвото холивудски убавици тој на црвениот тепих, на филмскиот фестивал во Кан ја гледал само неа…
Поради неговиот изглед, во славниот агент 007, Пирс Броснан, се вљубени
многу жени во светот, но за нивна жал тој веќе 17. години е верен само на една жена – 54. годишната Кели Смит.
Колку 65. годишниот ирски глумец е опчинет со својата сопруга можело да се види на годинешниот Филмски фестивал во Кан, кога на црвениот тепих не можел да ги тргне рацете од неа, нежно бакнувајќи ја пред собраните фоторепортери.
Неверојатно елегантен, како и секогаш, Пирс Броснан пристигнал во класичен црн костум, работен по мерка, под кој се наѕирала бела кошула и црна пеперутка. За да се вклопи, Кели избрала долг и лелеав црн фустан со бели цветови.
Пред да пристигнат на црвениот тепих уживале испивајќи шампанско на француската ривиера, каде последните денова уживаат далеку од сите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 25.09.2018:Вие не сакате да бидете со некој кој не може да зборува убаво или да нема харизма, затоа почесто излегувајте…

Овенот ги исплаќа долговите, Бикот планира, Близнакот вљубен, Ракот го привлекуваат Скорпија и Јарец, Лавот …