(ФОТО) Две изложби во Природонаучниот музеј на Македонија

Утре, петок 18 мај, во 20 часот, во Природонаучниот музеј на Македонија свечено ќе бидат отворени две тематски изложби „Раѓањето на Фрушка Гора“ од д-р Иван Дулиќ и „Карпи – скриени бои и форми“,на Дарко Тимотиќ.
Станува збор за геолошко-палеонтолошката изложба „Раѓањето на Фрушка Гора“,која е од исклучително научно и едукативно значење. Во рамки на изложбата ќе бидат изложени преку 230 фосилни родови и видови. Станува збор за фосилни остатоци на морска и слатководна фауна, копнена вегетација и остатоци од плеистоценски цицачи, од кои најстарите се од пред 70 милиони години. Во изложбата се прикажани и пресеци на
магматски, метаморфни и седиментни карпи од Тетискиот Океан (од пред околу 250 до 40 милиони години).
Во рамки на изложбата „Карпи – скриени бои и форми“ пак, авторот Дарко Тимотиќ на повеќе од 30 фотографии од уметничка гледна точка преку макрофотогрфии на пресеци на најинтересните примероци на карпи, минерали и скапоцени камења од целиот свет, ќе ни ја долови убавината на геолошкиот диверзитет, со посебен акцент на примероци од различни локалитети во Србија.
Изложбите ќе бидат отворени за јавноста во периодот 19. мај – 10. септември 2018. година.

Фотографии од изложбата „Карпи – скриен форми и облици“

Фотографии од изложбата „Раѓање на Фрушка Гора“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

„Танец“ со концерт во „Марко Цепенков“ Прилеп

Ансамблот за народни песни и игри „Танец„ кој е душата на Македонија, симбол на македонската …