(ВИДЕО) Таткото на Меган Маркле завршил на операција и за се’ го обвинил синот

Драмата во семејството на Меган Маркле неколку дена пред нејзината венчавка со принцот Хари го доживува својот врв.Откако во јавност се појавиле информации дека соработувал со папараци, Томас Маркле ненадејно одлучил дека нема да оди на венчавката на својата ќерка. Неколку часови подоцна се предомислил, а сега е спречен да дојде бидејќи завршил на операција на срцето, јавуваат британските медиуми. 

Се чини дека овие денови Томас Маркле навистина имал проблеми со срцето, а за се го обвинил својот син Томас кој неодамна јавно го замолил принцот Хари да ја откаже венчавката со Меган. Наводно, на татко му тешко му паднала целата ситуација и семејна драма и тоа неколку дена пред најважниот настан во животот на Меган.

Британците почнале да нагаѓаат кој би можел во сабота да ја допрати Меган до олтарот. Најголеми шанси се дека тоа сепак ќе го направи нејзината мајка Дориа, а многу можен избор е и принцот Чарлс. Британците почнале и да се обложуваат на тоа, а светот нетрпеливо ја чека сабота и венчавката која ќе ја следат десетици милиони луѓе ширум светот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …