(ВИДЕО+ФОТО) Минале 36. години од почетокот на прикажувањето на култната серија: Еве како Хер Флик и Хелга изгледаат денес!

Минале 36. години од почетокот на прикажувањето на британската култна серија „Ало, ало“, а ѕвездите од серијата сеуште се дружат со фановите.
„Хер Ото Флик и Хелга, денес пиеме чај со фановите на серијата“, напишал покрај фотографијата со Ким Хартман и Ричард Гибсон на Твитер Џон Чалис, познат и како Бојси од уште една хумористична серија – „Сплетки“.

Благодарение на улогата на Хелга, Ким Хартман добила своевиден статус на секс симбол, а со Ричард Гибсон настапувала ширум Европа – изведувале скечеви и зборувале за своите кариери.

Ким е во брак со глумецот Џон Нолан и ги имаат синот Том и ќерката Миранда, не глуми веќе десет години а интересно е дека имала мала улога во филмот „Данкирк„ на Нолан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …