Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, денес на Големата награда на Шпанија тргнува од пол позицијата, што нему ќе му биде 74. позиција во кариерата.
Во Шпанија гледавме исклучително интересни квлификации, после кои, најбрзите тројца ги раздвојуваше помалку од десетинки. Сепак, најбрз беше Луис Хамилтон, додека го следеле Валтери Ботас во вториот Мерцедес и Себастијан Фетел во своето Ферари.
Луис Хамилтон до својата нова пол позиција стасал со кругот кој го завршил за 1:16.173. На Хамилтон ова му е втора пол позиција оваа сезона. Хамилтон во Шпанија ја прекинал низата од три пол позиции на Себастијан Фетел. Исто така, ова е прв пат на првата позиција да се најдат два возачи на Мерцедес кои доминирале и на тренинзите во Шпанија.
Зад најбрзите тројца во квалификациите се нашле и Кими Раиконен, Макс Ферстапен, Данијел Рикардо, Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо, Карлос Саинс и Роман Грожнан.
Трката за Големата награда на Шпанија се вози денес од 15. часот со директен пренос на ТВ24.

ГН на Шпанија: Хамилтон тргнува од пол позицијата
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕