(ФОТО) Официјално најубава торта на светот: Верденс бесте!

Најубаво од скандинавската кујна…
Норвешкиот специјалитет кој го носи името „Верденс бесте“ официјално е најубава торта на светот, а ние ви го донесуваме оригиналниот рецепт.
Вкусот сигурно ќе ви се допадне бидејќи тешко дека има некој имун на меко тесто, крцкави и запечени белки и кремаст фил…
Состојки за тесто: 150 остро брашно, 350 г шеќер, 150 г путер, 5 јајца, 4 лажици млеко, 1 лажичка прашок за печиво, 100 г бадеми во ливчиња.
Состојки за крем: 250 мл млеко, 100 м рум, 1 кесичка готов крем од ванила (во прав), 250 мл слатка павлака.
Подготовка: тесто, одвојте ги белките од жолчките. Путерот со 150 г шеќер изматете го пенесто, додајте 5 жолчки а потоа и брашното кое сте го исеале заедно со печивото, и на крај млекото.Се соединете.
Смесата истурете ја во плех кој сте го обложиле со хартија за печење, рамномерно распоредете (густо е) и оставете на страна. Белките изматете ги со преостанатите 250. г шеќер во цврст снег и нанесете над тестото. Израмнете со лажица, па нафрлете ги ливчињата бадеми. Ставете во рерна загрена на 180 степени и печете околу 20 минути.
Оставете тестото да се излади во плехот, а за тоа време подгответе го филот. Измешајте ги млекото и румот, додајте го кремот во прав и убаво изматете, па соединете со претходно добро изматената слатка павлака. Соединете со лесни движења со силиконска лопатка или дрвена лажица.
Изладената кора исечете ја да добиете две кори. На една половина нанесете го кремот и покријте со другата половина. Украсете по желба.
Префрлете на неколку часови во фрижидер убаво да се излади и уживајте во единствениот вкус на славната Верденс бесте торта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. најчести женски и машки фантазии: Сакаат да водат љубов на отворено, сакаат да снимаат „акција“

За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за …