(ВИДЕО+ФОТО) Секси агентката Кенси Блу го сака и води „Евросонг“: „Сопругот ме наговори!“

„Мојот народ се гордее што сум успеала и мило ми е поради тоа. Како 16. годишна реков дека ќе дојдам до Холивуд и тоа и’ се случи“, раскажала Даниела Руа.
„Тоа е најдолго телевизиско натпреварување во светот и тешко е да не се биде возбуден поради тоа. Беше дел од нашите животи во детството и следниот ден за тоа зборувавме на училиште“, раскажала неодамна Даниела Руа (34) за американскиот магазин „Billboard“. Глумицата кој е позната како агентката Кенси Блу во серијата „NCIS: Los Angeles“ е една од водителките на годинешниот Евросонг.

„Со сопругот, децата и внуците бев во куќата на мајка ми. Гледавме иако беше многу доцна“, се потсетила Даниела каде била кога Салвадор Собрал (28) победил минатата година на Евровизија со песната „Amar Pelos Dois“.

Глумицата истакнала дека целото семејство било возбудено бидејќи Салвадор добивал одлични поени, а истакнала дека нејзиниот сопруг, каскадерот Дејвид Пол Олсен (42) првпат го гледал тоа натпреварување.
„Само велеше – ’Ова е неверојатно, ова е неверојатно’“ рекла Даниела која се родила во Бостон и таму живеела до петтата година, а потоа нејзините родители одлучиле да се вратат во Португалија.

Глумицата со сопругот и децата, синот Исак Ривер (4) и ќерката Сиера Естер живее во Лос Ангелес а истакнува дека чувствува голема љубов кон Португалија.
Објасниала дека токму нејзиниот најмил после победата на Португалија на Евросонг прв и предложил дека би требало да биде водителка на тоа натпреварување.
„Му реков дека е луд и смешен, дека никако не сум поврзана со Евросонг освен тоа што сум Португалка како и победникот. Тој не се откажуваше и рече дека е сериозен и дека течно зборувам англиски“ раскажала Руа. Вели дека тоа и била неверојатна идеја, но му се јавила на својот агент и му предложила, па што ќе биде нека биде.
„Тој ми рече дека тоа е одлична идеја и дека ќе истражи. После неколку месеци се случи“, се присетила глумицата кој бргу се спријателила со останатите водителки – Филомена Каутела, Силвија Алберт и Катарина Фуртадо.
„Прекрасно е што по прв пат четири жени го водат Евросонг“, истакнала Даниела која својата прва улога ја одиграла во португалска „сапуница“, а моментално игра во крими серијата „NCIS: Los Angeles“ и е среќна што, како што вели, се прикажува во нејзината татковина.
„Мојот народ се гордее што сум успеала и мило ми е поради тоа. Како 16. годишна реков дека ќе дојдам до Холивуд и тоа и се случи“, раскажала Даниела.

Таа додала дека се труди полно време да биде мајка и жена која работи, а растела со мајка која водела ист таков живот. Вели дека не е толку тешко да се има две деца бидејќи нејзиниот син оди во градинка па повеќето време е сама дома.

„Подеднакво внимание посветувам и на ќерката и на синот, а кога тој ќе дојде дома се прегрнуваме и си играме“ објаснила глумицата која со сопругот Дејвид ја запознал неговиот брат и нејзин колега Ерик Кристиан Олсен од серијата „NCIS“.
Вели дека Ерик постојано ја канел на дружење дома, а еднаш кога дошла им препуштил на Дејвид и неа „се’ да одработат сами“.

„Останатото е историја“ заклучила Даниела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Добрите ефекти на лебот на организмот

Многу луѓе избегнуваат конзумирање леб, но изборот на правилен тип може да има позитивни ефекти …