(ФОТО) „Нeјт и Џеремаја доаѓаат напомош“ – од сабота 12. мај во 21 ч. на TLC

Дизајнерскот дуо, Нејт Беркус и неговиот сопруг Џеремаја Брент, во новата сезона на серијата на каналот TLC, го менуваат животот на луѓето кои се впуштаат во реновирање на домовите.
Понекогаш луѓето што се впуштаат во реновирање се наоѓаат во стапицата, бидејќи немаат пари пред крајот на работата или имаат конфликти околу распоредот на градбата па се оставени без покрив над главите. Со својот непогрешлив дизајн талент и неодолив шарм, ова талентирано дуо открива како да се надминат неволјите и да се претворат дупките без дно во ремек-дела.
Во оваа сезона, Нејт и Џеремаја ќе се сретнат со Џералд и Хиј, на кои очајно им треба помош откако ќе го купат својот дом од соништа и ќе откријат дека има мувла во него.
Тие ќе им помогнат и на Лало и Џадсон, кои се изморени од неодлучноста и се само на половина пат да го преуредат својот дом.
Ќе видиме што е потребно за да се ослободиме од дизајнерските катастрофи, бидејќи Нејт и Џеремаја ќе ги откријат грешките на сопствениците на домовите додека ги спасуваат од адаптивни кошмари.
Доколку сакате релаксирана но и едукативна содржина која ќе ви помогне во уредувањето на домот тогаш оваа серија е она вистинското што сте го барале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) ИСКРЕНО – Принцот Хари, во интервјуто кое сите го чекаат, си ја отворил душата кај Опра: „Моја најголема грижа беше да не се повтори историјата!“

Долго најавуваното интервју на Меган Маркл и принцот Хари со најпопуларната водителка ќе се емитува …