(ВИДЕО+ФОТО) Дејвид Бекам во солзи го прославил 43. роденден поради изненадувањето на синот Бруклин!

Бруклин Бекам на татко му му го дал најубавиот подарок за 43. роденден…
Бруклин, кој студира во Њујорк се појавил на прославата на 43.роденден на татко му во Англија, а поранешната фудбалска ѕвезда не знаела дека и’ тој ќе се појави.
Во видео, шерувано и’ од Дејвид и’ од Викторија, на Инстаграм, се гледа како Бруклин влегува во ресторанот каде семејството Бекам уживало во оброкот.
„Дејвид“, вели Викторија во позадина, како Бруклин приоѓал на масата. Кога Дејвид кој наполнил 43 години на 2. мај, конечно го видел својот 19. годишен син, и не можел да ги задржи солзите и прашал „Што правиш ти тука?“
„Дали си во ред? Среќен роденден“ одговорил Бруклин кој на својот татко му дал долга прегратка. „Само што слетав“ одговорил младиот Бекам.
„Не знаев дека ќе дојдеш, толку многу ми недостасуваш“ рекол Дејвид.


Дури ниту најмладата, шестгодишната Харпер не знаела дека ќе дојде нејзиниот брат.
Во видеото кое Викторија го споделила на социјалните мрежи напишала „Најголемо изнендување на денот…Добредојде Бруклин“.

Во вторникот, Викторија роденденот му го честитала со голема фотографија, и му испратила многу бакнежи, заедно со децата – Ромео (15), Круз (13) и Харпер (6).
Ромео и Круз исто така постирале фотографија од нивниот татко на нивниот Инстаграм профил, откривајќи специјални моменти минати со нивниот татко.
„Среќен роденден на најдобриот татко на светот! Се надевам дека ќе имаш прекрасен ден. Те сакаме Дејвид Бекам“, напишал Ромео.

Со слична честитка се потпишал и Круз.

Но и најмалечката Харпер направила честитка која ја покажала на нејзиниот Инстаграм профил. Викторија споделила сладок момент од двојката со ќерката читајќи ја нејзината рачно напишана роденденска честитка.

Happy birthday daddy 💕💕💕 I love u so so much x Kisses from Harper Seven xxxx

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

„Среќен роденден тато…Те сакам толку многу…Бакнежи од Харпер…“ забележала Викторија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Скопскиот бенд Fiction со нов сингл насловен „Брои до 3″

Скопскиот бенд Fiction го ојбави новиот сингл насловен како „Брои до 3″. Песната е создадена …