(ФОТО) Ѓоковиќ конечно победи: Се врати стариот „гладен“ по успеси Ноле!

Со Марјан Вајда во својот тим некогаш првиот тенисер на светот конечно почна да бележи добри игри и во првото коло на АТП Мастерсот во Мадрид го совлада Кеи Нишикори…по 12. пат.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Јапонецот, Кеи Нишикори во првиот круг од Мастерс турнирот во Мадрид. Србинот победи во интересен меч со пресврти со резултат 7: 5, 6: 4, по нешто помалку од два часа игра.
Беше евидентно дека Ѓоковиќ е „гладен“ за победи и добри игри што се гледаше и од неговите реакции по успешните удари и освојувањето поени. И, покрај слабостите, на моменти, беше евидентно дека на теренот набргу, доколку и понатаму продолжи со ваквите игри,ќе се врати оној Новак кој го знаат сите љубители на тенисот.
Во наредното коло Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот Едмунд – Медведев .
Ова беше 12. успех на Новак Ѓоковиќ во натпреварите со Нишикори, а 11-то по ред, од 2014. година, кога Јапонецот славеше во полуфиналето на УС Опен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …