(ВИДЕО+ФОТО) Македонецот, Давид Темелков, кој два пати ја измами смртта, гради успешна кариера во Хрватска:„Оваа песна обединува од Охрид до Истра“

За Давид Темелков првпат слушнавме пред три години на „Икс фактор“ кога стаса до финалето. Се обиде тука да работи на кариерата но потоа реши да оди во Хрватска и да ја зпочне сорабтката со Мирослав Рус…
Но, она што е карактеристично за овој успешен и талентиран македонски пејач е тоа што два пати успеал да ја измами смртта…
Првиот пат било кога на него, додека вежбал во теретана, паднал прозорец. Стаклото му исекло три милиметри од главниот нерв кој ја поврзува раката со мозокот. И’ денес има голема лузна.
Втората несреќа на Темелков му се случила после „бооткампот“ кога на неколку дена дошол во Македонија. Се возел со такси и на нив налетал автомобил кој „летал“ 200. километри на час. Давид заработил потрес на мозокот но за среќа, без поголеми последици…
По завршувањето на шоуто „Икс Фактор“ на голема врата влегол на естрадата, песните му беа во врвот на топ листата. Покрај тоа детскиот шарм, гласот на славеј и вајаното тело му донеле и обожавателки во целиот регион.
„Многу верувам во Давид и неговиот неограничен пејачки потенцијал“ истакнал композиторот МИрослав Рус кој ја направил најновата песна на Давид.
„Таа песна созреваше една година а секој пат кога ја слушам имам чувство како да е прв“ истакнал Давид Темеков (25).
Македонскиот пејач новата песна „Балерина до стакло“, која ќе ја изведе на СМС фестивалот, ја претставил на социјалните мрежи.

„Тоа е песна кој во себе го носи духот на Балканот во светски призвук, која обединува од Охрид до Истра“ рекол Давид. Додал дека самиот наслов кажува се за песната. Како и на претходните песни „Љубов на далечина“ и „Љубов“ пејачот повторно соработувал со копозиторот Мирослав Рус.
„Многу верувам во Давид и неговиот неограничен пејачки потенцијал. Се обидов да постигнам еден звук, кој моментално се ’носи’ во светот и верувам дека публиката тоа ќе го препознае, но и ќе не поддржат на нашиот пат“ раскажал Рус.
Како што вели „Балерина од стакло“ продукциски е една од најмодерните песни кои ги направил. На фановите кои Темелков го споредуваат со починатиот Тоше Проески им се допаднала неговата песна.
„Секоја чест. Песната е прекрасна, а спотот е феноменален“, коментирале обожавателите и додале дека „Балерина од стакло“ е модерна и квалитетна Истакнуваат дека најновата песна е ’вистински погодок’“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЗА 3. НЕДЕЛИ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ 20 КИЛОГРАМИ: Познатиот глумец Марк Волберг непрепознатлив за новата улога!

Марк Волберг порано бил и модел за Калвин Клајн, но и некој што се придржува …