(ФОТО) Го засенила целото кралско семејство: Принцезата Шарлот го слави 3. роденден

Членката на кралското семејство има обожаватели ширум светот
Малечката Шарлот светлината на денот ја здогледала на 2. мај 2015. година и веќе со своите први фотографии потполно го засенила не само својот брат Џорџ, туку и родителите и целото кралско смејество. Денеска го слави својот трет роденден, а без оглед на малечките години, многумина веќе ја прогласуваат за нова модна икона.
Така, после раѓањето на братот, при доѓањето кај мама Кејт во болницата,со својата појава ги освоила собраните.


Тогаш била облечена во сино – бело фустанче со цветчиња, темно син џемпер – болеро, црни балетанки со каивче и бели чорапчиња со чипка. Јавноста „полудела“ по нејзиниот стајлинг кој бил распродаден во рекорден рок во веб продавницата на дизајнерката Алис Авенел, инаку пријателка на Кејт од студентските денови.

Девојчето и порано го свртувала вниманието на себе, поради облеката, а што и да облече, малечката Шарлот изгледа неодоливо, па и не е чудо што уште отсега ја нарекуваат икона на стил.

Освен што е познат по складните комбинации за облекувње, принцезата Шарлот со раѓањето на братот, принцот Луис, добила „влезница“ за влегување во историјата. Имено, тригодишната принцеза е прва женска наследничка на британската круна која ќе ја задржи својата позиција во линијата на наследувањето.
Според законот за наследување од 2013. година укината е машката примогентура па принцевите повеќе немаат предност пред постарите сестри. Тоа значи дека Шарлот првпат во историјата ќе биде во предност пред братот кога станува збор за освојување на престолот. Така малечката ќе биде четврта по ред наследничка на круната, а пред неа се дедото Чарлс, таткото Вилијам и постариот брат Џорџ. Новородениот принц Луис е петти по ред по линијата па чичкото Хари го поттурнал на шестото место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познатиот композитор е целосно уништен: „Скршен сум, не напушти пред неколку часа“

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал …