(ВИДЕО+ФОТО) Дури после смртта на ДЏ Авици станало очигледно каков човек бил:„Ни даде еден милион долари!“

„Дури кога почнав да заработувам огромни пари сфатив дека тоа не ми треба. Кога заработувате толку многу пари кои не ви требаат единствено исправно и човечки е да ги дадете на луѓето на кои им требаат“

Смртта на шведскиот ДЏ Авици веќе со денови го интригира целиот свет. Се појавуваат се’ повеќе детали за животот на популарниот музичар кој, според се судејќи, си го одземал животот додека бил на одмор во Оман. Авици бил еден од најголемите диџеј ѕвезди на светот, а последните години на турнеја бил по цела година.
Иако физички потполно исцрпен, болен и зависник од алкохол, Авици до 2016. година не правел паузи. За еден настап би заработил по 250.000 долари, а неговото богатство до 28. година на животот се зголемило до 63. милиони долари.
За време на неговиот живот главно се пишувало за неговите настапи и зависност од алкохол, но Авици бил многу повеќе од диџеј ѕвезда.
Во медиумите се појавиле до сега непознати детали за хуманоста на ДЏ Авици и било откриено дека Швеѓанинот во хуманитарни цели давал милиони долари.
Само на американската организација Feeding America во една пригода и донирал милион долари и со тоа никогаш не се пофалил. Наместо него, тоа го направила гласноговорничката на организацијата и потврдила дека Авици во 2012. година великодушно донирал милион долари.
На шведската хуманитарна оргнизација Рadiohjälpen во 2013 година и дал повеќе од милион евра.
„Дури кога почнав да заработувам огромни пари сфатив дека тоа не ми треба. Кога заработувате толку многу пари кои не ви требаат единствено исправно и човечки е да ги дадете на луѓето на кои им требаат“, рекол во една пригода Авици.

Еден фан на социјалните мрежи го оставил следниот коментар:
„Приказни за мали деца. Причитајте некои работи па ќе ви биде јасно дека таа приказна дека се убил додека бил на одмор смрди…Човекот се борел против педофилија и станизам во елитните кругови во индустријата и политиката…како и Честер од „Линкин парк“ или Крис Корнел. Интересно, сите тројца ’имале проблеми со алкохолот и се убиле’. Каква глупост. Човекот направил шест деца па решил да се убие. Ова е неговиот последен клип а животна мисија му станало тоа да ги разбива ланците во кои се многу моќни луѓе“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …