Формула 1 – Големата награда на Азербејџан: После многу несреќи и шокови, во драматичната трка славеше Луис Хамилтон

Британецот до својата прва победа оваа сезона стигна со време 1:43:44.291 час, пред Кими Раиконен од Ферари кој доцнеше 2.460 секунди зад победникот и Серхио Перез од Форс Индија со 4.024 секунди побавно време од победникот.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на Формула 1 трката што денеска се возеше во Баку за Големата награда на Азербејџан.
Британецот до својата прва победа оваа сезона стигна со време 1:43:44.291 час, пред Кими Раиконен од Ферари кој доцнеше 2.460 секунди зад победникот и Серхио Перез од Форс Индија со 4.024 секунди побавно време од победникот.
Иако во најголем дел од трката беше на првото место, на крајот Себастијан Фетел од Ферари заврши на 4. место.
На патеката во Баку се случија и неколку инциденти. Валтери Ботас ја напушти трката поради пукања на гума, на десното задно тркало. Претходно, клупските колеги од Ред Бул се судрија и испаднаа од конкуренција. Русинот Сергеј Сироткин од Вилијамс во првиот круг се судри со Окон и Алонсо.
Актуелниот шампион Хамилтон по овој триумф е нов лидер во Генералниот пласман со 70 бода. Фетел е втор со 66, трет е Раиконен со 48,…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Простување на Надал со тенисот? Мадрид или Ролан Гарос“

Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал изјавил дека повеќе не се осмелува да го советува …