(ФОТО) Новак Ѓоковиќ тешко болен:Познат светски лекар предупредува за пореметувањето кое „го уништува“ тенисерот!

Доктор Јирг Хезли тврди дека Ѓоковиќ има орторексија и дека психички е зависен од здрава исхрана.
Новак Ѓоковиќ се разболел од пореметување во исхраната кое се заканува да му го уништи животот, тврди признатиот швајцарски нутриционист Јерг Хезли.
Дијагнозата која Швајцарецот му ја поставил на познатиот тенисер е болест кој е наречена орторексија. Како што е познато Новак веќе подолг период е на многу специфичен режим на исхрана кој подразбира главно конзумирање на билки, но потполно го исклучув внесувањето на месото.
Јирг Хезли е швајцарски доктор кој поседува Институт за нутриционистички дијагнози во Швајцарија. Во текот на кариерата соработувал со многу успешни спортисти, олимписки и светски шампиони, а помеѓу останатото работел како лекар за исхрана при Германската велосипедска федерација и Одбојкарскиот сојуз на Швајцарија.

„Новак Ѓоковиќ, колку само му се восхитував на теренот, на неговиот стил и начин на движење…А, потоа слушнав за неговиот план потполно да го промени начинот на исхрана и се запрашав колку ќе издржи.И еве,сега ги гледаме последиците од неговото пореметување во исхраната. Овој вид пореметување не е само анорексија или бумилија, постои и болест наречена ортодоксија која на прв полед изгледа како здрав начин на исхрана. И токму затоа Новак не е свесен за последиците кои ги има поради тоа што е веќе подолг период на оваа диета“ рекол Хезли и додал:
„Ѓоковиќ практикува диета која во потполност исфрлува шеќер, но колку и да делув добро, тоа на подолг период е исклучително штетно по организмот. Со тек на времето спортистот почнува да чувствува се’ поголем замор, се развиваат воспалувања, алергии, интолеранции. Се’ повеќе е подложен на стрес, се’ помалку спие за да на крај само со помош на лекови може да успее да заспие. Лицето е се’ повеќе исцрпено и неопходни се психосоматски лекови. Ја губи врската со пријателите и семејството, се чувствува изолирано и се јавуват суицидни мисли“ тврди Хезли кој се оградува од тоа дали Ѓоковиќ ги проживува споментите симптоми .


Совет на лекарот: Опоравување со нормализирање на исхраната
Како што тврди Јирг Хезли опоравувањето е возможно доколку Новак полека се врати на нормалната исхрана
„Неопходно е повторно да почне да внесува јаглени хидрати и шеќер, но постепени за да организот се навикне. Со прилагодени тренинзи Новак после три до шест недели полека би се вратил во нормала“ заклучил овој стручњак.
Инаку, крајните последици од оваа болест,кко што се тврди можат да доведат до затајување на органите а на крај и на срцето.
Новак Ѓоковиќ оментално е во Белград па можеби семејството ќе влијае на неопходните промени кои му се потребни за продолжување на кариерата, но што е најважно – зачувување на здравјето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …