(ФОТО) Каква разлика: Верувале или не под оваа густа брада и долга коса се крие еден од најпрепознатливите холивудски глумци!

Киану Ривс моментално работи на подготовките за третото продолжување на филмот за Џон Вик, немилосрдниот платен убиец.
Киану Ривс, е еден од најпрепознатливите холивудски глумци, но оние кои го виделе во четвртокот попладне и минале покрај него во Бруклин тешко „од прва“ можеле да го препознаат и да сфатат за кого станува збор. Имено, ѕвездата на „Брзина“ пуштил брада и коса, ставил капа и седел пред филмското студио.
Одморал за време на раните подготовки за фимот за немилосрдниот платен убиец, Џон Вик, кого ќе го отелотвори и по трет пат.
Првите два филма биле вистински хит, а и на кино благајните ширум светот заработиле повеќе од 260. милиони долари. Освен што работи на тој филм, оваа година ќе можеме да го гледаме и во научнофантастичната драма „Replicas“ и во трилерот „Siberia“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …