Германскиот автомобилист, Себастијан Фетел, ја освоил пол позицијата за трката за Големата награда на Азербејџан. Во првиот ред е и актуелниот светски шампион Луис Хамилтон.
Возачот на Ферари остварил Q3 време од 1:43.091 и бил за 361. илјадити дел од секунда побрз од Хамилтон. Асот на Мерцедес и бранител на титулата бил многу брз во последниот брз круг, дури бил и побрз од Фетел после првиот сектор, но во наредните два не успеал да го надомести заостатокот, така што лидерот во генералниот пласман ќе стартува од првото место.
Вториот ред го чинат Валтери Ботс од Мерцедес и Данијел Рикардо од Ред Бул, додека во третиот се Макс Ферстапен во Ред Бул и Кими Раиконен во Ферари.
Финецот во последниот брз круг бил најбрз во првите два сектори, но во 16. кривина направил кардинална грешка и на крај останал шести.
Првите 10. ги заокржува двоецот на Форс Индија – Естебан Окон и Серхио Перез, Карос Сајнц во Торо Росо и Ленс Строл во Вилијамс.
Трката за Големата наград на Азербејџан се одржува во недела со почеток во 14.10 часот, а можете директно да ја следите на каналот „24вести“.

Формула 1 – Голема награда на Азербејџан: Полот за Фетел, Хамилтон покрај него
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕