(ФОТО) Ексклузивно: Еве какво месо ни продаваат во касапниците во 21. век!

Пред празниците касапниците, како и секој петок, довезуваат нови количества месо со цел купувачите да имаат добар избор.
Ај што цените се превисоки за поголемиот дел од купувачите, ниту вработените во касапниците воопшто не водат сметка за тоа како го довезуват месото во своите простории.
Фотографиите се направени утрово пред една од касапниците лоцирани до „Зелен пазар“, Скопје. Ај што човеков го носи месото којзнае од каде и колку долго го влече, туку не го ниту покрил. Еден најлон, па месото да било покриено или уште подобро ставено во чисто ќесе, да се заштити.
Со оглед на високите температури кои „не нападнаа“ којзнае колку долго месото било откриено, па и го нападнале некои летни летала – како комарци или муви кои пренесуваат разни болести.
И, после оди купи тазе месо кое којзне колку пати било „погалувано“ од пренесувачите на болести.
Живееме во 21. век, се стремиме кон ЕУ а сеуште сме робови на старите нехигиенски навики…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …