„Чудна шума“ на Шукарова, Еагли и Емин ќе го одбележи Меѓународниот ден на танцот – 29 Април

Искра Шукарова, кореограф и професор на Факултетот за музичка уметност и Урсула Еагли, кореографод САД,заедно со студентите од катедрата за современ танц при ФМУ, на 29 април (недела) со современ танцов перформанс ќе го одбележат Меѓународниот ден на танцот. Настанот ќе почне во 20 часот, најпрвин во фоајето, а потоаќе продолжи во Камерната сала на Македонската филхармонија.
Оваа вечер има за цел да направи пресек на уметничкиот и едукативниот современ танцов процес. Публиката ќе има можност да го види работниот процес на студентите при ФМУ и самостојното дело на Урсула Еагли,остварено во склоп со кореографското дело на Шукарова, а насловено „Чудна Шума“.
На овој современ танцов настан поканет емузичкиот уметник Џијан Емин, кој ќе биде вклучен како соработник во креирањето на музичкиот концепт. Заедно со Јошико Чума од Јапонија, Џијан Еминво 2007 година во Њујорк,веќеостварисоработка со Шукарова и со Еагли на проектот „Страница надвор од редот“.
Еагли и Шукарова за првпат ги соединија своите креативни сили во Њујорк, заедно со Јошико Чума. Две години по нивната соработка, тие лансираа заеднички проект исто така во Њујорк, во 2008 година. Заедно соработуваа и во 2010 година во Драмскиот театар во Скопје, со поддршка на Dance Theater Workshop’s Suitcase Fund, потоа во 2011-та како дел од NYC’s Performance Mix Festival и со поддршка на Trust for Mutual Understanding, и во 2015 година како дел од фестивалот „Локомоушн“ во Скопје.
Програма што ќе биде претставена на Денот на танцот – 29 Април,ќе биде изведена како перформанс на кој, како што велат и двете кореографки, ќе се обидат да ја воспостават нишката на структурираното општествено живеење, пренесувајќи ја публиката низ суспендираните магични базени од сластни танци. Во проектот „Чудна шума“ учествуваат: Урсула Еагли, Искра Шукарова, Деана Антевска, Јована Јанчовска, Бојан Мицев, Јана Петровска, Росана Стефанова, Ана Маркоска, Марија Ристеска, Теодора Ежовска, Христина Ангеловска, Стефанија Лефтеровска, Милена Гаврилова, Тања Василевска, Елена Костадинова, Бисера Димчева, Ангела Костадиновска и Олга Серафимова.
Наедно,на овој настан ќе биде промовиранаи работата на катедрата за балетска педагогија – отсек за современ танц, која е формирана во 2010 година на ФМУ.
За одбележувањето на 29 април – Меѓународниот ден на танцот, ќе се сподели пораката од македонскиот автор Марко Мицов од страна на Македонскиот интернационален театарски институт кој оваа година слави 70-та јубилејна година. Пораката оваа година ќе ја прочитаНина Костовска од Центарот за Даунов синдром во Македонија, со кои Шукарова соработува преку проектот „И јас сакам да бидам балерина“, а подржан од УНИЦЕФ.
Танцовиот перформанс еовозможенсо поддршка од Македонската филхармонија, а во соработка со ФМУ-УКИМ, како и одфондот GPS-Global Practice Sharing/Trust for Mutual Understanding and Movement Research. Воедно,оваа програма е уште еден настан одпроектот инициранод Шукарова,Nomad toNomad,како дел од NGO Nomad Dance Academy-Macedonia.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …