(ФОТО) Се јавила и’ друга бивша девојка, а фановите лути:„Го уништи Авици“

Телото на музичарот оваа недела со авион ќе биде префрлено во Шведска, а неговиот брат Давид ќе дојде во Оман за да побара одговори околу неговата прерана смрт за која причината сеуште не се знае
Откако Американката Емили Голдберг вчера на својот профил на социјалните мрежи објавила приватни фотографии и пораки на починатиот ДиЏеј Авици и себе, уште една негова бивша добила потреба медиски да се експонира. Моделот и блогерка Ракел Наташа Бетенкурт (30) на починатиот музичар, Тим Берлинг, му посветила подолга порака. Двојката била заедно во 2013. година а прекинале после една година.
„Тим, чувствувам како до вчера да бевме нераздвојни. Сакавме да разговараме и да се смееме до самото излегување на сонцето. Бевме против целиот свет. Тоа се сеќавања кои ќе траат до крајот на животот. И покрај нашите подеми и падови секогаш сакав да бидеш среќен и здрав и да можам да ти помогнам при секој животен чекор“ напишала Ракел.
Додала и дека животот очигледно „имал други планови“ за неа и Авици и дека тоа сега ја растажува.
„Знам колку силно се бореше со сите проблеми. Дадов се од себе да ти помогнам. Ти благодарам што ми покажа и ме научи што е вистинска љубов. Врската која ја имавме беше толку стварна и цврста што навистина не верувам дека било кога сме ја прекинале до крај. Засекогаш ќе останеш во моето срце“ напишала.
Канаѓанката тврди дека таа и музичарот се разишле бидејќи тогаш и двајцата биле премлади за сериозни чекори во врската.
„Беше толку посебен и талентиран и имаше најголема улога во мојот живот. Само сакам да знаеш дека никогаш не престанав да те сакам. Сега ми е најголема утеха што твојата музика „допре“ животи на милијарди луѓе и што сеќавањето на тебе и твојот ведар дух засекогаш ќе остане да живее во сите нас“ напишала Бетенкурт.
На крајот додала дека сака да му изрази сочувство на семејството на Тим кое минува низ најтешкиот период на нивните животи и дека нејзиното срце е со нив.
„Одмори во мир прекрасен анѓелу. Никогаш нема да те заборавам. Им благодарам на сите на пораките на поддршка“ заклучила Канаѓанката.
Нејзините пораки исто така предизвикале „лавина“ од лоши коментари на фановите на Авици кој во петокот попладне почина во Оман.

„Чекај малку, нели ти си та која ’му го скрши срцето’ пред пет години? Добро се сеќавме дека Тим во медиумите изјави дека никогаш нема да те заборави и дека поради тебе напиша неколку песни за ’скршено срце’. Го уништи, затоа и пиеше“, е еден од коментарите.

Bienvenido a Miami @slssouthbeach #slsmoments

A post shared by Racquel Natasha (@racquelnatasha) on

Други и кажале дека е срамно после неговата смрт да прави промоција на себе и својот блог.
„До вчера никој не знаеше за тебе. Зарем на неговите бивши девојки ама ништо не им е свето“ се запрашале многумина.

Beach vibes all summa long ☀️

A post shared by Racquel Natasha (@racquelnatasha) on

Слични коментари вчера добила и неговата бивша девојка Емили со која после Ракел бил две години во врска.

Pancake boob.

A post shared by Emily Goldberg (@emilygoldberg89) on

Телото на музичарот оваа недела со авион ќе биде префрлено во Шведска, а неговиот брат Давид ќе дојде во Оман за да побара одговори околу неговата прерана смрт за која причината сеуште не се знае. Тамошната полиција наведува дека немало криминални дејствија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …