(ВИДЕО+ФОТО) Почина Мини Ме – ѕвездата од филмовите за „Остин Пауерс“!

Американскиот актер и комичар, Верн Тројер, познат како Мини Ме во филмовите за „Остин Пауерс“, почина на 49. години. Не се соопштени причината и местото каде починал Верн Тројер, кој беше висок само 81. сантиметар.
„Со голема тага и исклучително тешко срце објавуваме дека Вејн денес почина“, пишувало во соопштението кое го објавило семејството на Верн Тројер.
Во соопштението пак на неговиот портпарол, се споменува депресија кај актерот и суицидна состојба. Тројер, кој живеел во Лос Ангелес, јавно говорел за својата борба со алкохолизмот.
Мини Ме се прослави со улогите во филмовите за Остин Пауерс.


Глумеше во филмот „Хари Потер и камен на мудростите“ во 2001. година. На почетокот на месецот, Тројер бил примен во болницата во Лос Анџелес, но официјално не е соопштено поради што, наведува Би-Би-Си. Минатата година бил во болница поради алкохолизам.
„Депресијата и самоубиство се сериозни проблеми. Никогаш не можете да знаете каква борба некој минува во себе. Бидете добри едни со други. Имајте на ум дека никогаш не е доцна некому да му се помогне“ стои во соопштението.
Глумецот од 2004. бил две години во брак со манекенката Женевјев Глен.
„Сите од моето семејство се со ’нормална’ висина. Само јас сум малечок. Макар што поради грижата на моите родители никогаш не почувствував дека сум поинаков се’ до средното улилиште“ рекол глумецот кој бил висок само 81. сантиметар, во еден од последните разговори.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …