(ФОТО) Бившата девојка покажала приватни фотки од ДЏ Авици: „Срам да ти е“ осудиле фановите!

„Беше мој најдобар пријател. Не можам да верувам дека повеќе никогаш нема да го видам неговото лице. Сеуште ги сумирам мислите. Луѓе, ви благодарам за прекрасните зборови и пораки“ рекла Емили…
Швеѓанинот ДЏ Авици и Американката Емили Голдберг биле во врска скоро две години.Прекинале во 2015. година а таа вели дека после сите „недоразбирања“ останале во добри и коректни односи.Емили на социјалните мрежи објавила посвета на музичарот кој почина во Оман.
„Ајде душо, не кревај раце од нас. Избери ме и ќе ти покажам што е љубов“ напишала Голдберг и додала дека тоа се стихови од песната „Enough Is Enough“ која датира уште од 2011. година а ја напишал за неа.Денес, тврди, и е жал што не се придржувала до тие свои зборови и била вредна за неговата љубов.
„Беше мој најдобар пријател. Не можам да верувам дека повеќе никогаш нема да го видам неговото лице. Сеуште ги сумирам мислите. Луѓе, ви благодарам за прекрасните зборови и пораки“ рекла Емили.За крај ги додала неговите стихови ‘Wake me up when it’s all over’ (Разбуди ме кога сето ова ќе заврши).
Но, нејзината посвета предизвикала бес кај многу обожаватели на Авици. Тие сметаат дека Голдберг со смртта на Авици се промовира.
„Сте прекинале пред три години. Навистина нема потреба сега да извлекуваш поединости за вас, срам да ти е. Имај почитување кон неговото семејство“ бил еден од коментарите. Но, имало и позитивни кои ја бодреле Американката и и’ заблагодариле на досега невидените фотографии од музичарот.
„Секој на свој начин ја изразува тагата, а ова е мој издувен вентил. Не судете бидејќи не знаете што се случило помеѓу нас. Тој засекогаш ќе биде дел од мене и моето минато“ рекла Емили.
Потоа отишла „чекор понатаму“ и објавила „screenshot“ од нивното допишување преку телефон. Емили на Авици му испратила слика од својата мачка и му напишала дека го сака.
„И јас те сакам Емили. Ми недостасуваш. Кога е твојот лет? Како си?“, и напишал ДиЏеј Авици.
За неговиот љубовен живот не се знае многу бидејќи го криел од јавноста.Пред Голдберг бил во врска со Канаѓанката Рејчел Наташа Бетенкурт (30) со која се пофалил дека бил во Париз.
Двојката била заедно од 2013. година, а прекинале после една година. Ракел засега ништо не коментирала за смртта на Авици…

Poolside 💦 In @loversfriendsla x @grlfrnd_denim @revolve #REVOLVEfestival

A post shared by Racquel Natasha (@racquelnatasha) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЗА 3. НЕДЕЛИ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ 20 КИЛОГРАМИ: Познатиот глумец Марк Волберг непрепознатлив за новата улога!

Марк Волберг порано бил и модел за Калвин Клајн, но и некој што се придржува …