(ФОТО) Тагата ги поврзала: Откриени тајни за болното детство и љубовната приказна на принцот Хари и Меган Маркле

Дали судбината си го направила своето, или станува збор за обична случајност, одлучете сами!

Меган Маркле и принцот Хари се запознале летото 2016. година, а зошто популарниот „трет по ред“ наследник на британскиот престол така бргу се вљубил е прашање кое многумина интригира.
Принцот и’ самиот рекол, штом ја запознал Меган, дека знаел дека таа е вистинската жена за него. На неговите пријатели се’ им станало јасно кога ја поканил да му се придружи во Боцвана, за да кампуваат под ѕвездите и да го започнат патот кон запознавањето.
Не е тешко да се забележи дека многу бргу се вљубил во убавата глумица.
Прекрасно изгледа, интелигентна е, се залага за многу работи за кои се залага и тој. Нежната врска исполнета со ситни знаци на внимание во почетокот ја негувале во тајност, а кога се прочуло – веќе имале силно тло под нозете, па медиското внимание не им пречело релативно бргу да дојдат до свршувачка и да продолжат да ја планираат својата заедничка иднина.
Принцот Хари, велат, по природа е едноставен човек кој умее да води сметка за секого, токму каква што била и неговата мајка, никогаш непрежалената почината принцеза Дијана. Од друга страна, Меган исто така доаѓа од семејство во кое и двете родителски фигури не биле со „постојана појава“. Од таа причина се смета дека се така воспитани што совршено си одговараат еден на друг. Имено, една од главните причини за успехот на нивната љубовн врска е токму тагата. Тагата по семејството, неопходната целина, поддршката која доаѓа од домот.
Родителите на Меган Маркле се развеле кога таа имала само шест години.
„Бевме блиски. Тато би ме посетувал во недела, би вечерале покрај телевизорот…“, говорела Меган за „Ванити фер“.
Сепак, не било се’ сосема во ред.
Меѓутоа, за малечкото девојче имало и исклучително тешки периоди. Била и’ во ситуации кога морала да избере страна на која ќе застане. Имало моменти кога преку неа и’ разговарале. А таа секогаш се трудела да ги прави работите за да сите бидат среќни, биле зборовите на пријател од
детството, Нинаки Приди.

Хари разводот на родителите го доживеал со неколку години повеќе од Меган,ашто секако не значи дека имал среќа.
„Имаше моменти кога ние двајца не ги гледавме доволно ниту мама ниту тато, имаше многу патувања. Знам дека не сме единствени на кои тоа им се случило. Секако, тоа е многу чуден начин на растење“, рекол своевремено Хари.
Батлерот на Дијана за медиумите изјавил дека на момчињата тешко им паѓало да гледаат како бракот на нивните родители се распаѓа. Кога Дијана би била вознемирена, би се повлекла, а момчињата под вратата би и турнале ливче со порака „Се’ ќе биде добро“.
„Ги опсипуваше со љубов и во тие денови секогаш би спиеле во нејзините одаи, а не во детските соби“ изјавил некогашниот батлер на принцезата, Пол Барел.
Меган и Хари планираат животот да го минат заедно, а семејството секако ќе биде приоритет. Се нашле две „скршени срца“ и тешко дека било што ќе застане меѓу нив.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Македонија денеска се регистрирани 934. нови случаи на Ковид 19: Починати се 5. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани …