(ФОТО) Објавени фотографии од повредите на Наташа Беквалац: Лука се „изглупирал“ со својот коментар!

Со наслов „Ова се повредите на Наташа“, српскиот весник „Блиц“ на насловната страна објавува ексклузивна фотографија од пејачката Наташа Беквалац која викендов беше брутално претепана од сопругот Лука Лазукиќ.

Весникот пишува дека модринките и гребаницата под окото, како и големите подливи на рацете се доказ за бруталниот напад кој го доживеала познатата пејачка.

Лазукиќ за весникот демантира дека ја нападнал пејачката истакнувајќи дека модринките кои ги има се од масажи против целулит на кои Наташа одела.
Но, Лазукиќ би требало да се информира бидејќи такви масажи не се прават по лицето!
Како што досега е познато, Наташа по бруталниот напад беше на два прегледи во Ургентниот центар во Белград каде докторите констатирале дека има потежок облик на потрес на мозокот. Пејачката потоа случајот го пријавила во полиција и поднесла кривична пријава, а Лука добил. 30 дена забрана за приближување до Наташа.
Беквалац го овластила својот адвокат да покрене итна бракоразводна постапка, бидејќи според пишувањата на српските медиуми, сакала што поскоро да стави крај.Како и дека бара полно старателство над нивната ќерка Катја. Ако Наташа Беквалац успее во оваа накана Лука својата ќерка ќе може да ја види после нејзиниот 18. роденден.
За потсетување, Наташа и Лука се венчаа во септември минатата година на Ибица. Пејачката на 28 февруари годинава ја роди нивната ќерка Катја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …