(ВИДЕО+ФОТО) Наташа Беквалац дивјачки претепана од сопругот: Ја удирал по раната од царскиот рез и ја влечел по станот

Во време кога светот се бори против злоставување на жените, Србија ја потресува еден случај на семејно насилство.
Познатата пејачка Наташа Беквалац била претепана од сопругот Лука Лазукиќ, со кого во брак е нешто повеќе од половина година, и тоа само месец и пол откако што родила. Српските медиуми во текот на викендот донесуваа брутални детали, како оној дека Лазукиќ ја удирал пејачката во раната од царскиот рез. Иако се чинело дека се во среќен брал, било откриено дека Лазукиќ после ноќниот провод дошол дома во алкохолизирана состојба и заспал покрај сопругата.Потоа таа се разбудила и во неговиот мобилен телефон пронашла љубовни пораки кои ги разменувал со други жени и го разбудила. Прво се скарале,а потоа Лазукиќ ја удирал Наташа и ја влечел по станот.

Moja 2 coveka😍

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Пејачката, поради повредите, прво отишла во Брза помош, а подоцна се вратила бидејќи цело време повраќала. И бил дијагностициран јак потрес на мозокот,а моментално се опоравува во својот стан на Дедиње.
„Човек не може да биде добро после ваква трагедија. Никој од нас не е добро…На телото на Наташа се видливи трагови од насилство и моментално сите мислиме само за нејзиното здравје“ рекол нејзиниот татко Драгољуб.

…da je vazno samo ono sto se ne da kupiti❤

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Медиумите пишуваат дека е решителна во намерата да покрене бракоразводна постапка, а против сопругот, ИТ стручњак, веќе поднела казнена пријава. Тој е приведен, а потоа пуштен да се брани од слобода. Откако ја претепал пејачката тој заминал во станот на неговите родители на Нов Белград.
Дека, за жал, во Србија се толерира семејното насилство покажуваат коментарите кои можат да се прочитаат по порталите, а по кои Наташа е самата виновна бидејќи ова и е трет брак, бидејќи со Лазукиќ била многу кусо во врска, бидејќи е јавна личност…Очигледно на некои не им треба многу да најдат оправдување за постапките на мажот.

Save the last dance for me…

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Со „Пред дождот” и „Граница” денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова”

Фестивалот на дебитантски филм „Киненова” во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно …