(ФОТО) Интервју:Дино Имери и Дијана Имери Илкоска:Љубовта кон музиката и уметноста како инспирација и радост кон животот!

Пред вас имате голем предизвик – концерт во спомен и чест на Македонската легенда Местро Саша Николовски Ѓумар?
Дино: За мене, овој концерт претставува еден вид благодарност за се’ што Маестро Ѓумар направи за нас, младите уметници, особено оние од редовите на Музичка Младина кои пораснаа во Камерниот Оркестар. Мислам дека преку музиката можеме најсоодветно да му оддадеме почит бидејќи нему музиката му беше се’.

Претпоставувам дека посебно возбудливо ќе биде за Дијана. Секогаш е тешко да се наследи професорот, а посебно кога се има концерт во негова чест? Какво е чувството?
Дијана: Возбудливо, но тешко. Многу тешко. Од една страна, невозможно е да се наследи она што тој беше, а беше единствен, незаменлив. Прекрасен човек и музичар од кој многу научив и можам само да го продолжам и надградувам она што тој ме учеше, да го продолжам неговиот пат кој
водеше кон создавање музика и уметност. Од друга страна чест ми е што токму јас ќе го диригирам овој концерт кој покрај тоа што е во негова чест и сеќавање, истовремено е нов почеток и нова надеж на продолжување на љубовта кон музиката и нова искра во нашето културно живеење.

Дино е малку поекспониран од Дијана. Дали тоа се должи на тоа што има многу солистички концерти, а бележи успеси и со своите настапи во странство? Или пак на тоа што општата јавност не го препознава значењето на диригентот за една изведба?
Дијана: Патот до успехот е подеднакво тежок за сите нас, но особено тежок за диригентите, кои секојдневно се соочуваат со безброј препреки и проблеми кои не се секогаш поврзани ниту со музиката ниту со уметноста (за жал), ниту со нивната способност како диригенти и знаење. Но секогаш со многу голема љубов и трпение успевам да ги надминам и секојдневно се стремам кон остварување на својата цел – да бидам одличен диригент.

Имаме ли ние доволно публика која ги препознава вредностите на Македонските уметници во оваа сфера на културата?
Дино: Имаме прекрасна публика, но немаме никаква медиумска поддршка! Се прашувам, до кога во Македонија ќе доминираат политичките емисии? Дали еден ден конечно ќе ни се дозволи да гледаме и слушаме нешто убаво и корисно? Нашите граѓани однапред се ускратени бидејќи немаат како да се запознаат со работата на нашите врвни уметници. Од друга страна, среќен сум што на моите концерти салите се преполни, а тоа ми дава надеж дека сепак има многу луѓе кои ја сакаат уметноста искрено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КОГА СО ТОЛКУ ПОЧИНАТИ: За изминатите 24. часа во Македонија се регистрирани 404. нови случаи на Ковид 19: ЖИВОТОТ ГО ИЗГУБИЛЕ се 14. лица!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани …