(ФОТО) Интервју:Дино Имери и Дијана Имери Илкоска:Љубовта кон музиката и уметноста како инспирација и радост кон животот!

Во недела, 22. април, во Македонската филхармонија, пред Дино Имери и Дијана Имери Илкоска е нов предизвик – концерт за маестро Саша Николовски-Ѓумар. Но, секој од нив има свои обврски но и привилегии …

Дијана Имери Илкоска е една од најперспективните диригенти од младата генерација која по дипломирањето во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар бележи бројни успеси и соработки со престижни оркестри и ансамбли како Македонската
Филхармонија, Македонска Опера и Балет, Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Камерниот Оркестар на МММ, Камерниот и Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Мешаниот Хор при ФМУ и други престижни ансамбли.
Како гостин-солист на концертот ќе настапи еден од нашите најбарани пијанисти со европско реноме – Дино Имери, кој ќе го изведе Концертот бр.4 од Лудвиг ван Бетовен веднаш по своите гостувања во Загреб и Софија каде по трет пат соработува со престижната Софиска Филхармонија.
Еве ги нивните размислување пред неделниот концерт…

Како се случи оваа „семејна“ соработка со МММ за претстојниот концерт?
Дијана: Пред се’, оваа соработка не е семејна. Идејата да се организира концерт во чест на нашиот Маестро и мој професор беше моја и на раководниот тим на Музичка Младина на Македонија, со кој Маестрото најдолго соработуваше. Јас како негов студент, кого тој посебно го ценеше и како негов наследник, односно раководител на оркестарот (шеф диригент) на МММ ја составив програмата и ја концепирав така да се опфатат дела од тројцата најзначајни композитори во историјата на
музиката, за кои мојот професор многу често знаеше да каже “Светото Тројство во музиката” – Бах, Моцарт и Бетовен. Исто така сакавме Дино да даде допринос за концертот и на тој начин да оддаде почит кон Маестрото, токму заради нивниот посебен професионален и пријателски однос, кој се
базираше исклучиво на огромна обострана почит. Изборот на солист одлично се вклопи во програмата бидејќи токму Бетовеновиот четврти концерт го работевме заедно сите ние тројца, на што Маестрото неизмерно се радуваше и гордееше.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) ЗАЈАКНЕТЕ ГО ОРГАНИЗМОТ – Напоиток кој го стимулира имунитетот кај децата и возрасните: За да се заштитите од грип и вируси ПИЈТЕ ГО ОВА СЕКОЈ ДЕН!

Зајакнете го вашето тело пред есента и инвазијата на нови вируси и грип… Ако телото …