Денес во Монте Карло и’ официјално започнува сезоната на земја, а на турнирот ќе играат и Новак Ѓоковиќ но и Рафаел Надал кој го брани насловот.
Новак Ѓоковиќ е поставен за деветти носител и во првото коло ќе се состане со квалификант, но веќе во второто коло го очекува многу потежок испит. Доколку ја прескокне првата пречка во второто коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Борна Чориќ или Жулиен Бенето. Младиот Борна
последните месеци е во одлична форма и секако е фаворит против Французинот.
Потенцијален противник на Новак во третото коло е Австријанецот Доминик Тим,а во четирифиналето најдобриот тенисер на АТП листата, Рафаел Надал.
Најинтересна двојка од првото коло секако е дуелот помеѓу Томаш Бердих и Кеи Нишикори.
Потенцијални парови на полуфиналето се Рафаел Надал – Григор Димитров и Александар Ѕверев – Марин Чилиќ. Хрватот е слободен на стартот,а во второто коло оди на Фернандо Вердаско или Пабло Куевас.
Rolex Monte Carlo @ROLEXMCMASTERS draw pic.twitter.com/1UZvGVgW0b
— Tanya P. Trifonova (@TP_Trifonova) April 13, 2018
Наградниот фонд во Кнежевството е 5.238.735 долари, а титулата ја брани Надал.
Мастерсот во Монте Карло започнува денес, а преносите ќе можете да ги следите од 11. часот, на каналите на Спорт клуб.
Распоред за играње
11:00 – Терен Рание
Џаред Доналдсон – Алберт Рамос Винолас
Кеи Нишикори – Томаш Бердих
Новак Ѓоковиќ – Душан Лајовиќ
Денис Шаповалов – Стефанос Тсиципас
11:00 Терен на принцевите
Роберто Баутиста Агут – Петер Гојовцик
Борна Чориќ – Жулиен Бенето
Милош Раониќ – Лукас Катарина
Пјер Хјуџис Ербер – Паоло Лоренци