(ФОТО) Популарната пејачка конечно проговорила за борбата со болеста: „Сите овие години живеев во страв дека мојата дијагноза ќе се дознае во јавноста!

Мараја Кери ја отворила душата и во интервју за магазинот „People“ конечно проговорила за најтешките години во својот живот и борбата со биполарното пореметување.
По прв пат откако во 2001. година и било дијагностицирано биполарното пореметување, Мараја Кери, одлучила храбро да проговори за болеста со која се соочила.
Како што 48. годишната пејачка изјавила во интервју за магазинот „People “, сите овие години живеела во негирање и страв дека нејзината дијагноза ќе се појави во јавноста.
Таа 2001. година била хоспитализирана откако доживеала психички и физички слом.
„Не можев да поверувам во она што докторите ми го говореа. Живеев во постојан страв и изолација и се грижев дека ќе бидам разоткриена. Беше многу тешко да се справувам со тоа. Поради тоа барав лекарска помош и ја добив“ ја отворила душата Мараја.
Како што додала, на лекување се одлучила после неколку тешки години во својот живот кога станува збор за нејзиниот професионален и приватен живот.
Но, Мараја, која е мајка на шестгодишни близнаци, вели дека на иднината гледа позитивно.
„Долго мислев дека имам некое пореметување во спиењето, а излезе дека сум доживувала некој вид на манија. Кога бев депресивна, имав недостаток на енергија и се чувствував тажно и осамено. Сега земам лекови кои ми помагаат. Повеќе не се чувствувам многу тажно или тромо“ раскажува пејачката.
Пред 17. години странските медиуми пишувале дека Мараја завршила на психијатриско лекување откако се обидела да се убие, но нејзиниот тим ги демантирал тие гласини.
Мараја во 2014. година се развела од Ник Канон, за да во 2016. се сврши со австралискиот милијардер Џејмс Паркер. Но, нивната љубов не успела па кон крајот на истата година се разделиле.

Што е биполарно пореметување?
Биполарното пореметување спаѓа во групата пореметувања на расположението. Пореметувањата на расположението се душевни пореметувања во кои се основни психопатолошките промени кои се одвиваат на ниво на расположението, но се случуваат и други промени во психичките и физичките функции.


Не срамете се да побарате помош
Ако вие или некој вам близок се соочува со одредени психолошки потешкотии или едноставно се наоѓате на животен крстопат во потрага по вистинска одлука не се срамете и побарајте помош, макар и за професионален разговор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …