(ФОТО) Никој не слави развод како „гладијаторот“ Расел Кроу: Се пофалил дека е и’ службено слободен и направил бизнис од 3,7 милиони долари!

За да се ослободи од се’ што го потсетува на пропаднатиот брак, австралискиот глумец во Сиднеј организирал аукција „Уметност на разводот“ и тоа на својот 54. роденден и 15. годишнина од бракот со глумицата и пејачка Даниеле Спенсер. Расел Кроу ја промовирал цела недела, а дека на нивниот брак конечно дошол крај соопштил на својот профил на Твитер…
Љубовта помеѓу Расел Кроу и Даниеле Спенсер „пукнала“ пред пет години, но сега конечно и’ се развеле. Славниот Оскаровец тоа „Вчера, 9. април сум службено разведен“, стои во објавата на неговиот профил на Твитер.

Двојката се запознала во 1989. година на снимањето на филмот „The Crossing“, после што започнале врска, но набргу ја прекинале. 53. годишниот Расел и 48. годишната Дниеле Спенсер повторно се споиле во 2001. година, а се венчале две години подоцна на 39. роденден на глумецот, во капела на неговиот ранч после што се преселиле во шест милиони фунти вредната вила во отменото предградие Rose Bay во Сиднеј. Ги имаат синовите – 14. годишниот Чарлс и 11. годишниот Тенисон.
Кроу на еклектичната аукција што ја организирал во Сиднеј, минатиот викенд, продал мношто од предметите и спомените за да повеќе не го потсетуваат на периодот на разводот.
Меѓу предметте се нашле дела на австралиски уметници, луксузни часовници и гитари од бендот „30 Odd Foot Of Grunts“ како и бизарни предмети кои Оскаровецот ги собирал во текот на годините, од коски на диносаурус до заштитни гаќи за бокс.
Костумите и реквизитите од неговиот филм „Гладијатор“ достигнале цена од неколку десетици илјади долари. Оклопот кој Кроу го носел во моментот кога неговиот лик Максимус умира во филмот достигнал цена од 125.000 долари.
Репликата на воените коли е продадена за 65.000 долари, а две дрвени скулптури на коњ секоја по 5.500 долари. Дури и дрвениот меч за вежба достигнал цена од 20.000 долари. Кожените чизми Dr Martens од поранешниот филм „Romper Stomper“ се купени за 10.000 долари.
Кога на крај се’ било собрано од аукцијата Расел Кроу излегол побогат за 3,7 милиони долари па имал уште една причина за прослава – покрај онаа за конечната слобода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …