(ВИДЕО) Формула 1: Како Кими Раиконен го прегази својот механичар?

Германецот Себастијн Фетел (Ферари) е победник на трката за Големата награда на Бахреин, во рамки на Светското првенство на возачи во Формула 1, но тркатата ја обележал инцидентот на неговиот клупски колега, Кими Раиконен…
Фетел во својата годинешна победа стасал во исто толку трки, пред двоецот на Мерцедес, Финецот, Валтери Ботас, и актуелниот светски првак,Британецот, Луис Хамилтон.
За Фетел ова е 49. победа во кариерата, а низ целта минал со 699. илјадитинки пред вториот Ботас, додека Хамилтон заостанал 6.512 секунди.
Кими Раиконен немал среќа бидејќи механичарите на Ферари во 46. круг одработиле ужасна работа, после која Финецот морал да се откаже. Но, при минувањето Финецот удрил еден од своите механичари.

Механичарот завршил во болница, наводно само со „скршена нога“…

После две трки Фетел е водечки во редоследот на Светското првенство со 50. бодови, додека втор е Хамилтон со 33., а трет Ботс со 22. поени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …