Неколку совети како да го чувате здравјето на очите доколку цел ден гледате во компјутер

Сите ние секојдневно  половина ден минуваме гледајќи во монитор, било тоа да е на работа или дома, и слободното време го поминуваме гледајќи во друг екран – оној на телефонот. Сето тоа е многу лошо за нашите очи и вид. Сепак, со неколку едноставни промени, можете да направите многу и да ги спречите здравствените проблеми и заморот.

Правило 20-20-20

Офталмолозите велат дека ова правило е од клучно значење ако цел ден гледате во монитор и телефон. Правилото значи на секои 20 минути работа, треба да се направи пауза од најмалку 20 секунди и да се загледате во некоја точка која е барем 20 метри подалеку од вас.

Тоа би требало да биде доволно за да ги одморите очните мускули и да го спречите црвенилото на очите, главоболката и заматениот вид. Но, можете дури и да спречите уште повеќе проблеми како што се проблеми со фокусирање или старечка далековидност.

Позиција на мониторот

Многу е важно како седите и како ви е поставен мониторот. Горниот раб треба да биде на висина на очите. Ако мониторот не може да се подигне, ставете го на книга или спуштете ја столицата.

Работата е во тоа да гледате малку надолу. Центарот на екранот треба да биде 15 до 20 степени под хоризонталната линија на очите. Така најмалку ќе ги заморувате очите.

Текст и бои

Текстот треба да биде 3 пати поголем од најмалиот фонт што можете да го прочитате. Што се однесува до боите, идеално е фонтот да биде црн на бела позадина или бледо жолта боја. Избегнувајте јаки бои, доколку осетите нелагодност при гледањето самото око ќе ви каже дека таа боја на фонт или позадина не е за вас.

Очила и леќи

Леќите повеќе ги заморуваат очите, така што гледајте да носите очила неколку пати неделно. Ставете анти-рефлексен заштитен слој на очилата. Капките за очи се секогаш добра идеја, бидејќи на тој начин очите ќе ги почувствувате поодморени. Тие помагаат дури и ако немате диоптер.

Ниво на светлина

Важно е светлината на екранот да е правилно прилагодена односно да одговара на околната светлина. Гледајте да не е најсветол кога сте во потемна просторија и да не е премногу темен кога сте во светла. Повторно ќе осетите на очите, доколку е премногу јака светлината ќе осетите нелагодност, доколку е премала ќе осетите дека се напрегате и несвесно замижувате.

Трепкање

И на крај не заборавајте да трепкате. Трепкањето природно ви ги измива очите со солзи кои делуваат лековито.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …