(ФОТО) Меланија и Доналд Трамп како вљубени тинејџери: Празниците ги зближиле!

Велигденскиот викенд претседателскиот пар го минал уживајќи на Флорида
Иако гласините за аферите на претседателот на Америка, Доналд Трамп, не се смируваат, а медиумите почнуваат да прашуваат до кога Меланија ќе ги трпи неговите испади и непочитување, претседателскиот пар изгледа никогаш посреќно.
Половина свет вчера во своите домови славеле Велигден (католици, протестанти…), а Меланија и Доналд празниците ги минале во куќата во Палм Бич, Флорида.
После месеци полни со стрес кои се зад нив, претседателот и првата дама „избегале“ од Вашингтон и најголемиот христијански празник го прославиле со одење на миса во локалната црква.
Иако сме навикнати на спротивно, овојпат Доналд својата убава сопруга постојано ја држел за рака, гледал во неа како вљубен тинејџер, а парот цело време бил насмеан и видно расположен.
За оваа пригода, Меланија, блеснала – доаѓањето на убавото време првата дама го искористила, после повеќе месеци да облече летен фустан без ракави. Прекрасната розево-бела креација допирала до под колената, соодветна за местото каде то Меланија се упатила, а со фустанот обула и шпиц затворени сандали.
Во друштво на претседателот и првата дама на Америка била и Тифани Трамп, ќерката на Доналд Трамп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Џон Траволта е хомосексуалец“ – актерот издаден од саентолозите

Џон Траволта бакнал машки масер пред висок член на Саентолошката црква, тврдат нови жешки мемоари. …