(ВИДЕО) Необична непечена велигденска торта

Со оваа торта, многу вкусна, најмногу ќе ги израдувате најмалечките кои ќе се радуваат и’ на вкусот и’ на украсите на неа бидејќи ќе добијат две работи во едно… 
Потребно е:
пакување чоколадни, темни, колачиња
1/2 шоља истопен путер
500 г крем сирење
1 шоља шеќер во прав
500 мл слатка павлака
1 кесичка инстант пудинг од ванила
1 лажичка екстракт од ванила
3 шољи млеко
велигденски колачиња( чоколадни јајца, зајачиња, желе зајачиња, гумени бомбони)
Подготовка: колачињата ставете ги во ќеса и иситнете ги со сукало. Половина од иситнетите бисквити ставете на дно на тава или чинија која сте ја избрале за сервирање.
Во друг сад измешајте ги путерот, крем сирењето и шеќерот во прав и изматете со миксер. Кога смесата ќе стане мазна додајте ја изматената слатка павлака и измешајте со лажица.
Во трет сад измешајте ги прашакот за пудинг, ванилата и млекото и измешајте со жица за матење. Кога смесата ќе стане густа соединете ја со претходната смеса и лесно измешајте со лажица. Кога се’ сте соединиле истурете преку смесата од иситнети бисквити и израмнете.
По површината наросете ги останатите иситнети бисквити – односно вашата „земја“ во која ќе ставите од колачињата.
Префрлете во фрижидер убаво да се стегне и послужете.

Easter Dirt Cake

EASTER DIRT CAKE – our most popular Easter dessert!! An Oreo crust with a fluffy cheesecake filling topped with more Oreos and an Easter candy garden. It's simple and so delicious!FULL RECIPE: https://lilluna.com/easter-dirt-cake/

Gepostet von Lil' Luna – Kristyn Merkley am Samstag, 18. März 2017

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …