(ФОТО) Репертоар на Македонска опера и балет од 30. март до 13. април

30. март „Помеѓу соништа и летови“ – Горан Начевски – премиера
20.00 (Мала сцена)

Премиерата е во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика”


Композитор: Горан Начевски
Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Љупка Јакимовска
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Бранкица Јордановска
Кореограф: Маја Каревски
Светло дизајн: Нино Митевски
Концерт Мајстор: Јане Бакевски
Хор мајстор: Јасмина Ѓоргеска

НАСТАПУВААТ:
Ѕвездата – Александра Лазаревска Василевски
Таткото – Дејан Стоев
Патникот – Невен Силјановски


Балетски пар: Христина Ангеловска и Агим Бафтии
Дете: Дуа Махмути

Корепетитори: Елена Сиљаноска, Андреј Наунов,
Јанинка Невчева
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ,
Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлина Здравкова, Невена Георгиева


Хорот и оркестарот на МОБ

03. април „Мадам Батерфлај“ – опера
Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Александар Текелиев (Бугарија)
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Лира Грабул
Концерт-мајстор: Верица Ламбевска
Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ
Асс. Диригент: Катерина Стојковска
Асс. Режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

Настапувааат:
Чо Чо Сан: Сандра Митровска
Пинкертон: Ѓорѓи Цуцковски
Шарплес: Борис Трајанов
Сузуки: Марика Поповиќ
Горо: Дејан Стоев
Бонзо: Невен Силјановски
Јамадори: Игор Гиновски
Кејт Пинкертон: Злата Тошевска
Детето на Чо Чо Сан: Инес Чадловска
Комесар: Зоран Даскаловски
Офицер: Марко Гапо

Синопсис
I ЧИН
Нагасаки, Јапонија кон крајот на деветнаесетиот век. На цветна тераса над пристаништето на Нагасаки, Американскиот поморски Капетан Бенџамин Франклин Пинкертон ја проверува куќата која ја изнајмил од брачниот посредник, Горо, кој му обезбедил и жена-гејшата Чо Чо Сан, позната како Мадам Батерфлај. На Американскиот конзул, Шарплес, Пинкертон му ја објаснува филозофијата на морнар кој крстари по светот во потрага по задоволства. Во моментот тој е воодушевен од нежната Чо Чо Сан, која се слуша во далечина како радосно пее за нејзината венчавка. Влегувајќи опкружена со своите пријателки, таа му кажува на Пинкертон како, кога нејзиното семејство живеело во тешки времиња, таа морала да заработи за живот живеејќи како Гејша. Нејзините роднини влетуваат, бучно изразувајќи ги своите мислења за нивниот брак. Чо Чо Сан му ги покажува на својот младоженец семејните реликвии и му кажува за нејзината намера да ја превземе неговата Христијанска вера. Кралскиот комесар ја изведува венчалната церемонија и гостите и наздравуваат на двојката. Славењето го прекинува вујкото на Чо Чо Сан, Бонзо-будистички свештеник, кој ја проколнува девојката за отфрлањето на религијата на нејзините предци. Пинкертон луто ги брка гостите. Сами со Чо Чо Сан во градината осветлена од месечината, тој ги брише нејзините солзи и таа му се придружува во опејувањето на нивната љубов.

II ЧИН
Три години подоцна, Чо Чо Сан го чека враќањето на својот маж. Таа стои покрај вратата со поглед фиксиран кон пристаништето. Слугинката се жали дека имаат уште малку пари, но Чо Чо Сан има надеж дека еден ден бродот на Пинкертон ќе се појави на хоризонтот. Шарплес носи писмо од офицерот, но пред да може да и го прочита на Чо Чо Сан, Горо доаѓа со лице кое ја бара нејзината рака, богатиот принц Јамадори. Чо Чо Сан ги отфрла брачниот посредник и принцот, инсистирајќи дека нејзиниот сопруг сеуште не ја напуштил. Кога остануваат сами, Шарплес го чита писмото и и кажува дека Пинкертон може да не се врати. Чо Чо Сан му го покажува нејзиното дете, Долоре велејќи дека кога наскоро Пинкертон ќе разбере дека има син сигурно ќе се врати. Ако не се врати, таа побргу би умрела отколку да му се врати на претходниот живот. Трогнат од нејзината преданост, Шарплес заминува без да ја открие целата содржина на писмото. Чо Чо Сан во моментот на очај слуша топовски истрел. Грабајќи го телескопот, таа открива дека бродот на Пинкертон влегува во пристаништето. Како паѓа ноќта, Чо Чо Сан, Сузуки и детето го почнуваат своето исчекување.

III ЧИН
Кога се зазорува, Сузуки инсистира Чо Чо Сан да се одмори. Пеејќи му приспивна песна на нејзиното дете, таа го носи во соседната соба. По кусо време Шарплес влегува со Пинкертон, следен од Кејт, неговата нова жена. Кога Сузуки сфаќа која е Американката, се согласува да помогне во соопштувањето на новостите на нејзината господарка. Пинкертон, обземен од вина, упатува нежен поздрав на местото на неговата претходна среќа и бргу заминува. Кога Чо Чо Сан истапува очекувајќи да го најде него, таа ја наоѓа Кејт. Скршената Чо Чо Сан се согласува да го даде нејзиното дете ако неговиот татко се врати по него. Тогаш, таа го зема мечот со кој нејзиниот татко извршил самоубиство и се поклонува пред статуата на Буда, одбирајќи да умре со чест наместо да живее во срам. Кога таа ја подига острицата, Сузуки го турнува детето во собата. Со плачливо простување, Чо Чо Сан го праќа во градината да си игра и потоа се прободува. Додека умира, го слуша Пинкертон како го повикува нејзиното име.

13. април „SOLE E AMORE” – Благоја Нацоски (рецитал)
Во петок, 13, април, 2018 г. нашиот познат тенор Благој Нацоски кој оваа година навршува 15. години меѓународна кариера, ќе одржи соло рецитал.
По ланскиот успешен настап, кога беше изведен циклусот „Зимско Патување” од Шуберт, годинава повторно ќе присуствуваме на еден несекојдневен настан.
Тоа ќе биде целовечерен Рецитал наречен “SOLE E AMORE” односно СОНЦЕ И ЉУБОВ, каде ќе слушнеме 20 соло песни од Винченцо Белини, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости, Рејналдо Хан и Бенџамин Бритн.
Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот “Венеција” од Рејналдо Хан, ќе биде изведен за првпат во Македонија.
Пијано придружба: Јанинка Невчева.

Биографија
Благој Нацоски убедливо е нашиот најпознат тенор во светот. Изминатите години бележи огромни успеси во Миланска Скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија, како и на светската премиера на операта „Страв“ каде ја толкува главната улога во Новара, Италија.
Кариерата на Нацоски започнува во 2003 со настапот на сцената на Римската Опера (Teatro dell’Opera di Roma), како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, настапувајќи во најпрестижните театри низ целиот свет како «Сан Карло» во Неапол, «Реџо» во Парма, Операта во Каљари, «Верди» во Трст, «Карло Феличе» во Џенова, Операта во Сасари, Цирих Опернхаус, Баварската Државна Опера од Минхен, Операта во Франкфурт, Државната Опера во Штутгарт, Кралската Опера „Ла Моне“ во Брисел, Канадската Опера во Торонто, Операта во Сиетл, Националната Опера во Прага, Операта во Лимож, Гран Театарот во Екс Ан Прованс, Театарот Бунка Каикан во Токио, Сантори Хол во Токио, Рјутопиа Центарот во Ниигата, Национална Опера во Варшава, Градскиот Театар во Клагенфурт, Националната Моравска Опера во Острава, како и Фестивалите во Салцбург, Мишколц и Халвил, пеејќи ги главните тенорски роли во оперите Дон Џовани, Така прават сите жени, Волшебната флејта, Грабнување од Сарајот, Сонот на Скипион од Моцарт, Севилскиот Бербер, Италијанка во Алжир, Турчин во Италија од Росини, Дон Паскуале од Доницети, Сонамбула од Белини, Свртување на штрафот и Сонот на Летната Ноќ од Бритн, Вердиевите Отело и Фалстаф, Ромео и Јулија од Гуно, Славеј од Стравински и Аријадна на Наксос од Р. Штраус.
Нацоски има снимено неколку ДВД, и тоа Сонот на Скипион за Дојче Грамофон и Аријадна на Наксос за ТДК и ЦД на Лучија од Ламермур за Динамик, Ромео и Јулија заедно со Андреа Бочели за ДЕККА, Зенобија во Палмира за Бонџовани и Те Деум од Флавио Колусо за МР Класикс. На 27ми јануари излезе и ДВД и Блу-Реј од претставата Турандот од Миланска Скала повторно за ДЕККА.
Во 2008 е прогласен за „Амбасадор на македонската култура во Италија“, а во 2016 година доби и признание „Човек на годината“ од весникот Нова Македонија.
Благој освен оперската музика ја негува и концертната дејност. Во текот на месец февруари 2018 го изведе циклусот „Зимско патување“ од Франц Шуберт со голем успех а го репризираше во Рим и Александрија, а неодамна ги изведе Љубовните валцери од Шуман и Брамс на Велигденскиот фестивал во Монтепулчано. Неодамна дебитираше во Тбилиси, Грузија а наскоро со Росиниевиот „Севилски бербер“ и два гала концерти ќе дебитира во Русија. Потоа ќе настапи со Моцартовиот Реквием во Милано, операта Ла Ривале во Мишколц, Унгарија, по што ќе селдува една обемна турнеја во Јапонија и Кина со концерти и оперите Турандот и Трубадур.

Пијано придружба
Јанинка Невчева ги завршила студиите по пијано на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов. Од 2000 до 2005 година престојува во Париз, каде се усовршува во областа на камерната музика и соло репертоарот за пијано. Значајна е нејзината соработка на полето на музика од 20 век со истакнатите пијанисти Martine Joste и Claude Helffer. Во 2006 година во Скопје го основа музичкиот отсек на Детски свет, каде до 2012 година работи со деца од претшколска возраст по францускиот метод éveil musical (сертифицирано од ADEM – Франција). Од 2008 година е вработена во Македонска Опера и Балет како корепетитор во операта. Како пијанист се претставила на разни рецитали, концерти и фестивали во Македонија, Италија, Франција, Бугарија, Турција, Германија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Рок легендите АРЕА вечерва ќе настапат на Дојран Рок Фест

Здружението Андерфест ќе го одржи второто издание на Дојран Рок Фест. Оваа година фестивалот ќе се …