(ФОТО) Интервју: Фани Коровешовска: Хроно девојка која истопи 54 килограми и ужива во животот!

Фани Коровешовска е обична девојка на 35. годишна возраст, дипломиран и магистриран правник, вработена, забавна. Девојка што го сака и живее животот сто на саат, а од неодамна и ХРОНО ДЕВОЈКА…

Среќна е кога е окружена со луѓе, ужива да се дружи, си ја сака работата, едноставно му се радува на животот и малите нешта што ја прават среќна. Сака да им помага на луѓето, сака кога луѓето се среќни. Сака да читам, да патува, сака да креира убави спомени оти од овој свет си одиме само со спомените и емоциите.

Дали во минатото имаше вака сериозни обиди за намалување на тежината?
– Од кога знам за себе имам вишок килограми. Мајка ми уште кога бев дете имаше најразлични обиди да ми го ограничи внесот на храна но тешко и одеше. И’ како тинејџерка килограмите си растеа, а мајка ми се трудеше да ме стави на диета. Доаѓаше во училиште ми носеше здрава храна но јас секогаш изнаоѓав начини да го јадам тоа што го сакам. И така си поминуваа годините, а јас само си додавав килограми. И потоа пак загрижениот поглед на мајка ми и молбите да намалам со храната. И така разни обиди кај нутриционисти, со хемии и ослабни 25. кг, па потоа пак врати ги, па пред неколку години ослабнав дури 40. кг, па во следниот период ги вратив и се’ така во магичен круг. Се’ беше измачување со краток рок на траење потоа враќање на стари навики, па враќање на килограми, се додека не се појави хроно исхраната.

Кога сфати дека Хроно исхраната е она што си го барала дотогаш?
– За хроно исхраната прв пат дознав пред околу три години кога беше многу популарна во Србија, но тогаш ја одбив со истиот изговор како и многумина други: бара многу готвење и има многу храна, без притоа да дадам шанса повеќе да се запознаам со принципите на исхраната. Од оваа гледна точка се каам за таа избрзана одлука, но ете не бил моментот тогаш. Уште пред околу две и пол години станав член на српската група за хроно исхрана и онака повторно со скептицизам ги читав сите објави. Се’ до пролетта 2016. година кога станав и’ член на македонската група за хроно исхрана.Членував еден, два месеци и се појави една слика од пред и потоа на Вики, се воодушевив од резултатите и тогаш почнав студиозно да се занимавам со хроно исхраната. Ги набавив сите книги и материјали почнав да читам за хроно исхрана по правилата на основачот д-р Алан Делабо, како и за хроно исхраната на д-р Ана Гифинг чии правила ги следам. И така тоа читање траеше долго, мајка ми ме потсетуваше дека е време да направам нешто за себе, дека го достигнав максимумот во тежината, дека не можам веќе да продолжам така, а јас секој ден само климав со главата и викав има време мамо, се’ додека еден ден мојата добра другарка Ивана не ја донесе одлуката за почеток во мое име, она беше таа иницијална каписла за мојот почеток со хроно исхрана за што вечно ќе и бидам благодарна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …