(ВИДЕО+ФОТО) Формула 1 – ГН на Австралија: Фетел го покори „Алберт парк“, Хамилтон „само“ втор!

Новата сезона на Формула 1 донесе фантастичен старт за Фетел и Ферари.
Тие триумфираа на Големата награда на Австралија во Мелбурн, Хамилтон кој ја имаше пол позицијата застана само на второто место на пиедесталот.Со тоа Фетел ја забележа 48. победа и 100. пиедестал во својата кариера.
Формула 1 имаше возбудлив старт на сезоната, најмудри беа Ферари. Себастијан Фетел победи втор пат по ред, вкупно трет во кариерата.
Хамилтон ја имаше пол позицијата и тргна добро, го задржа лидерското место пред Раиконен, Фетел во стартните кругови беше на третото место.


Клучна беше тактиката во боксовите и безбедносното возило. Во 19. круг Раиконен замина во боксот за промена на гумите, а по него и’ Хамилтон го направи тоа, па Фетел излезе на лидерското место но немаше влезено во боксот.

Во меѓувреме возачите на Хас, Магнусен и Грожан имаа проблеми. Болидот на Роман Грожан остана крај патеката па беше воведено виртуелно возило за безбедност.
Таквата ситуација ја искористи Фетел кој влезе во боксот да ги замени гумите и остана на првата позиција пред Хамилтон која успеа да ја задржи до крајот на трката и да слави голема победа.

На третото место остана Раиконен па Ферари имаа два возачи на пиедесталот, Рикардо беше четврти, Алонсо петти, Верстапен на шестата позиција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …