(ФОТО) Семеен скандал: Таткото на Илон Муск, најбогатиот бизнисмен на светот, признал дека има син со својата усвоена ќерка

„Детето не беше планирано, но сеедно го сакам. Поради лична сигурност одлучив да направам ДНК тестирање кое на крајот покажа дека станува збор за мое дете“ рекол Ерол Муск (72).
Таткото на милијардерот Илон Муск има дете со својата поќерка која ја усвоил како четиригодишна, пишува Daily Mail.
Неверојатното откритие на британските медиуми би можело да ја потврди горката вистина за едно од најбогатите семејства на светот.
Своевремено Илон за својот 72. годишен татко Ерол дека станува збор за „злобен човек“ кој „направил многу лоши работи“. Иако не навлегол во детали, новото откритие многумина шокирало.

Џејн Безајденхот


Британските медиуми откриле дека Илон скоро полудел кога неговиот татко е воедно и’ татко на детето на неговата усвоена полусестра Џејн Безајденхот која живеела со него додека заедно растеле во домот на Мускови.

Рекол дека едвај се сеќава на 18. годишната врска
Инаку, Ерол бил женет полни 18. години за мајката на Џејн, Хајди, и заедно ги имаат ќерките Аша и Александра. И’ покрај тоа, за Daily Mail рекол дека едвај се сеќава на таа врска.
Семеен извор на медиумите им потврдил дека всушност Ерол е татко на 10. месечниот Елиот Раш Муск. Рекол и дека тој факт своевремено го раздвоило семејството. Уште еден член на семејството рекол дека целата ситуација е многу бизарна.
„Џејн останала бремена со Ерол кој е нејзин очув, но и татко на нејзиното дете“.
Членовите на потесното семејство на Муск на британските медиуми им потврдиле поради кои причини Илон не е во добри односи со својот татко.
„Целото семејство збеснало кога била откриена цела вистина. Ова е всушност вистинската причина поради која Илон е многу лут на својот татко. Тој е единствениот татко кого Џејн го имала, а сега се знае и дека е татко на нејзиното дете“ рекол анонимен член на семејството Муск.


            Џејн (лево), нејзината мајка Хајди Муск, и Ерол со нивните ќерки Александра и Аша

Признал дека е татко на 10. месечното дете
Таткото на Илон, кој се бави со советување по инженерство и живее во Ленгенбан во Јужна Африка, потврдил дека тој е навистина татко на 10. месечниот Елиот.
„Детето не беше планирано, но сеедно го сакам. Поради лична сигурност одлучив да направам ДНК тестирање кое на крајот покажа дека станува збор за мое дете“ рекол Ерол.

                                        Џејн и малечкиот Елиот Муск

„На мојата ќерка Али (кратенка од Александра) и ја кажав вистината бидејќи очекував дека ќе ме поддржи. Меѓутоа, таа ми рече дека сум луд и ментално болен. Таа подоцна го извести остатокот од семејството и сите ’полудеа’. Мислат дека станувам сенилен и дека сум подготвен за дом за старци, но јас сакам да бидам со моето малечко синче“ рекол постариот Муск.
После поставеното прашање од страна на новинарите, Ерол не демантирал дека 30. годишната Џејн е всушност негова поќерка кој ја претставувал како сопствена ќерка.
„Самец сум веќе 20. години. Немам поќерки или полусинови, имав само четири бивши сопруги“ рекол Ерол.
Рекол и дека едвај се сеќава на Хајди, својата втора сопруга.
„Веројатно не би ја препознал на улица“ рекол стариот Муск.

                                                                        Ерол и Александра

Со синот Илон веќе 15. години не е во добри односи.
Одбил да го коментира фактот дека врската со сопствената поќерка е причината поради која не е во добри односи со својот син Илон.
„Не знам поради што Илон е лут на мене, знам дека тоа трае од 2003. година, откако го напуштивме САД против негова воља“ рекол за крај Ерол.

                                                     Илон со мајка му Меј Муск

Ерол бил во брак со Меј Муск, мајката на Илон, полни девет години, до 1979. година. Заедно имаат три деца – Илон, Кимбал и Тоска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …