(ФОТО) Да бидеме хумани: Помош на семејство во Прилеп!

Деновиве на Фејсбук страна на една членка се појавија фотографии со апел за помош на тричлено семејство кое живее во ужасни услови. Татко и мајка и нивното двеиполгодишно синче, во селото Долгаец, живеат во неопишливи услови, а згора на се немаат никакви примања.
Зошто социјалните служби во државата закажале, не е познато, но факт е дека ова семејство има потреба од било каква помош.
Прилепчани се организираат да се среди куќата, а објавена е и жиро сметката на која секој граѓанин може да уплати износ, по свои можности и желба, пари кои ќе „се слеат“ директно во семејството.
Малечкото дете има потреба и од пелени и храна (јадело леб и лук), но организаторите на хуманитарната акција апелираат да се уплаќаат средства бидејќи пелени, облека и храна е веќе обезбедено, колку толку.А, се воделе преговори и со неколку градежни фирми да се санира куќата.
Жиро сметка за помош:
Јован Ристески
Комерцијална банка
300027023021389

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …