Денеска во 11. часот: Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Денеска, 25.03.2018, во Градски парк во Скопје (пред Школка) со почеток во 11.00 часот ќе се одржи Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Трката е организирана од Мечувалечки клуб „Ескрим“ со цел да ја подигне свеста за децата со Даунов синдром и да ги поттикне спортските центри и клубови да им овозможат на децата да се вклучат во спортот и да им обезбедат еднаков пристап до него. Со ова покрај очигледните придобивки од спортот и здравиот живот, на децата со Даунов синдром ќе им се отворат вратите за социјализација и живот без предрасуди.

Преку партнерот за пријавување https://www.smartrace.club/ може да се дознаат повеќе детали за Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Сите се поканети да ја посетат трката, да се запознаат со бенефитите за децата и да им ја дадат поддршката која ја заслужуваат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Преподобна Пелагија: Го остави блудот, богатството го подели на сиромашни и се посвети на Бога!

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна …