(ВИДЕО) „Вовед во анатомија“: Поради ѕвездата на серијата остатокот од глумиците добиле откази!

“Мислам дека ние жените, понекогаш се плашиме да прашаме, па подобро ќе молчиме, бидејќи така не учеле. Токму поради тоа сметам дека дојде време тоа да се промени, да се поддржуваме една со друга…”

Продолжувањето на договорот на уште две години и останувањето во ТВ серијата “Вовед во анатомија” на глумицата Елен Помпео и’ донесоа статус за најплатена телевизиска ѕвезда, која сега по сезона ќе заработува 20. милиони долари.
Минатата година таа се најде на третото место на престижната листа за најплатени ТВ глумци, а ова за неа претставуваше голем отскок и неверојатен успех. Многубројни популарни ѕвезди и’ честитале за овој статус, но исто така се пишуваше дека висината на хонорарот на глумицата влијаел на заминувањето на другите женски ликови во серијата.


Имено, се нагодуваше дека Џесика Кепшо и Сара Дру ја напуштиле серијата, бидејќи продукцијата немала доволно пари за да ги исплати нивните хонорари, пренесуваат странските портали.
“Тоа не е вистина. Јас не сум вклучена во тие одлуки. Меѓутоа, постојат неколку проблеми со претстојната сезона. Еден од нив е креативноста која се бара од творецот на серијата за да им се овозможат на гледачите нови приказни кои ќе ги заинтригираат. Секако дека е тешко кога луѓето заминуваат, без разлика на тоа која е причината зад тоа”, вели Елен Помпео кога гостуваше во емисијата на Елен Диџенерис.
Приликата ја искористи да зборува и за еднаквата плата помеѓу мажите и жените, како и за зголемениот хонорар кој дефинитивно го заслужила.


“Понекогаш мора да поминете низ болни и тешки моменти да за им дадете пример на луѓето. Откако излезе моето интервју за “Hollywood Reporter”, многу жени ми се обратија и го споделија нивното искуство. Тоа многу ме допре. Мислам дека ние жените, понекогаш се плашиме да прашаме, па подобро ќе молчиме, бидејќи така не учеле. Токму поради тоа сметам дека дојде време тоа да се промени, да се поддржуваме една со друга. Да си бидеме меѓусебна поддршка”, вели 48 годишната глумица.

“Можеби тоа е само католичкиот дух во кој израснав или кај сите жени тоа е така, но едноставно никогаш не сакате да бидете алчни за повеќе. Спротивно на тоа, еден маж не би имал проблем да побара речиси 600.000 долари по епизода. За нив тоа е сосема нормално. Ние прво мора да се консултираме со пријателките, да провериме дали бараме премногу и дали ќе бидеме дрски поради тоа”, заклучила Елен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …