(ВИДЕО+ФОТО) Дру Баримор се потсетила на нејзините „сиви“ моменти: Еднаш се соблекува среде емисија!

Додала и’ дека не жали за таа постапка, бидејќи  “само еднаш се живее”…
Познатата глумица Дру Баримор гостуваше во ток шоуто на Стивен Колберт и се потсети на најшокантните моменти од својата кариера помеѓу кои дефинитивно е нејзиното гостување во шоуто на Дејвид Летермен во 1996 година.

Дру тогаш се качила на масата пред Летерман, започнала заводливо да танцува, ја подигнала маичката и на водителот кој тој ден славеше роденден, му ги покажала голите гради. На крајот го бакнала во образ.

“Понекогаш мислам: Па тоа не сум јас. Тоа ми се како далечни спомени кои не можам да ги поврзам со себе, но всушност тоа сум јас. Тоа е ’кул’ и тоа се’ уште ми е во ред. Мајка сум на две деца, денес сум поразлична личност, поради тоа не можам да си поверувам дека тоа го имам направено, но во ред ми е тоа”, рекла Дру.

Додала и’ дека не жали за таа постапка, бидејќи “само еднаш се живее”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Денеска се регистрирани 27. нови случаи на Ковид 19 – 19. лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …