(ВИДЕО+ФОТО) Селма од песната на „Бијело дугме“ е сеуште жива: Има 89. години и ова е нејзината тажна приказна

Владо Дијак толку многу бил вљубен во неа што и напишал песна која станала еден од најголемите хитови на популарниот бенд…
Селма, од песната на „Бијело дигме“ постои и денес живее во Загреб.
Жената според која добил име еден од најголемите хитови на популарната група денес има 89. години, но и понатаму јасно се сеќава на Владо Дијак, познатиот поет и текстоиписец на своето време, кој во 1949. година и напишал песна бидејќи му се допаѓала како девојка.
Во едно интервју пред неколку години, Селма Бориќ, признала дека Владо Дијак никогаш отворено не и искажал љубов, но дека добро го памти моментот кога ја слушнала песната на „Дугме“ и се сетила како Дијак и го носел куферот до железничката станица во Сараево.


Денес е многу осамена. Скоро секој новинар кој ќе и се јави Селма го поканува во Загреб. Неодамна на екипа од бањалучкиот портал Носталгија и рекла дека самува и дека сите кои нешто и значеле умреле.
„Самувам како секоја старица. Би сакала малку да дојдете во Загреб, бидејќи вас од Бања Лука посебно ве сакам.Ретко патувам. Неодамна ми почина и сестрата Нура-Марија во Мостар и се’ помалку се оние луѓе со кои го минав животот. Одам до продавница, муабетам со познајници и тоа е се’“ рекла таа.
Селма овие денови ја посетил и Жељко Бебек и нивната заедничка фотографија ја објавил на својот профил на Инстаграм.

… u posjeti kod moje drage Selme … #selma #bijelodugme


A post shared by BEBEK (@zeljkobebek) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …