(ФОТО) Стасало бебето: Се породила Ана Ивановиќ!

Српската тенисерка, и германска снаа, Ана Ивановиќ, се породила во Чикаго и на свет го донела своето прво дете.
Ивановиќ родила момче.
Вестите прво биле објавени на Твитер, а следеле и многу честитки и желби за добро здравје на мама Ана и тато Бастијан Швајнштајгер, кој го пропуштил својот натпревар за да биде покрај сопругата.
Среќната вест прв ја соопштил новинарот Хосе Маргадо кој ги следи случувањата во тенисот и меѓу првите на Твитер ги поставува светските ексклузиви.

А, потоа следеле и честитки од фанови ширум светот…

Како што се дознава, Ана се породила на природен начин на клиника во Чикаго каде живеат поради професионалните обврски на својот сопруг.
Популарниот брачен пар на бебето одлучило да му даде српско име, а семејството на фудбалерот немало ништо против. Тие со денови разговарале како ќе се вика момчето, па Швајни таа одлука и ја препуштил на сопругата,која се одлучила за името Лука.
Иако Швајни инсистирал да изнајмат дадилка која ќе и помага на Ана околу бебето, се чини дека семејството на младата мајка ќе отпатува во Чикаго за да помага.
Ана и Бастијан се венчале на 12. јули 2016. година во Венеција, а самата церемонија на венчавката, за која се претпоставува дека чинела еден милион евра, привлекла големо внимание на светската јавност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …